• Зошто ролетните се важни за кровните прозори?

Ние тоа го викаме:

Постојат две страни на доброто решение!

Или

Зошто ролетните се важни за кровните прозори?

Комфорот кој е потребен во вашето поткровје не се завршува само со купување на кровен прозор.

Како што фасадните прозори бараат надворешни ролетни за заштита од атмосферски влијанија (дожд, ветер, град, топлина), но и заштита на приватноста, слична ситуација е и со кровните прозори.

Некогаш и многу поважна. Со овие ролетни просторијата можете потполно да ја затемните и да уживате во интимата на домот. Освен битни карактеристики како се заштита од бучава однадвор, заштита од временските непогоди, надворешните ролетни обезбедуваат и висок степен заштеда на енергија во зима – подобрена изолација до 27%, но и безбедност.

Надворешна мрежичка

Кога е во прашање заштита од топлина, VELUX надворешната мрежичка (тенда) го решава едниот од потенцијално најголемите проблеми во поткровјата – преголема топлина.

Овој производ е неопходен во секое поткровје, бидејки ја намалува топлината дури до 73%. Во некои ситуации тоа значи дека во поткровјето не ви е потребна клима во лето, што некогаш било потполно незамисливо.

Наменета е за секоја просторија и се монтира од надворешната страна на кровниот прозор, со што го штити стаклото од загревање и топлотно зрачење во просторијата, а при тоа ја пропушта светлината.

Овие надворешни мрежички се еден од најфункционалните производи наменети за поткровје!

Siesta ролетни за потполно затемнување

На сите ни е познато дека за мирен, квалитетен и удобен сон, неопходно е оптимално затемнување. Тоа најдобро го знаат родителите со мали деца кои се будат со првите сончеви зраци, понекогаш и многу рано, се разбира доколку нема затемнување.

VELUX siesta ролетните се вистинско решение за вакви ситуации. VELUX siesta ролетните се идеално решение за спални соби или други простории во кои е потребно потполно затемнување. Алуминиумските водилки овозможуваат запирање на siesta ролетните во било која положба. Внатрешност на бочните водилки е во црна боја што ја обезбедува потполна блокада на светлината.

Како што ги избираме со особено внимание завесите за фасадни прозори кои ни го разубавуваат просторот, исто така и ролетните за VELUX кровните прозори може да се најдат во повеќе од 100 бои и дезени, а најнова функција е да ја намалат надворешната светлина и внатрешната клима ја направат попријатна во просторијата.

Комарник

Корисен производ особено за заштита од инсекти е VELUX комарник, специјално дизајниран и за кровни прозори и наменет за потполна заштита од несакани посетители, а со тоа и зголемување на комфорот. Тој се вградува од внатрешната страна, на sид или внатрешната облога околу VELUX кровниот прозор. Кога комарникот не се користи, може да го сместите во мат алуминиумска рамка кој потполно ќе го маскира. Така мрежичката вовлечена во куќиштето нема да пречи на видикот.

Важно е да се напомене, дека кога комарникот е спуштен, прозорот се отвара до ивицата на sидот и внатрешната облога , што е доволно за вентилација. Исто така , во горниот дел на сите VELUX модели се наоѓа преклоп или отвор за вентилација кој овозможува вентилација и кога отворот е затворен , независно од надворешните услови.

Ракувањето со комарникот е едноставно и можете да го подесувате рачно од самата просторија рачно, а одржувањето е лесно, потребно ви е само влажна крпа. Тоа што е битно е дека VELUX комaрникот може да се користи во комбинација со сите VELUX типови внатрешни и надворешни ролетни.

Размислете за своите потреби и ситуации со кои се соочувате во своето поткровје , а VELUX го има решението за секој проблем со кој ќе се сретнете, бидејќи светол и удобен живот е под вашиот кров – VELUX мисија.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing