• Уредете го оптимално поткровјето

КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА И УРЕДУВАЊЕ НА ПОТКРОВЈЕТО – ИЗБОР НА ПРОСТОРИИ, КОМБИНИРАЊЕ НА БОИ, ИЗБОР НА МЕБЕЛ

Уредувањето и распределбата на поткровните простории претставува многу поголем предизвик од тоа на обичното домување. Рамните тавани се заменети со закосени под кои се кријат пријатни ниши во очекување на интересно ентериерно решение. Oсветеноста е различна, местото е помало, но повредно и воопшто ништо не е сосема исто. Сепак, ова е одлично, бидејќи со нотка рационална мисла и вложена енергија, поткровјето може да се претвори во најпријатното место во целиот дом. Ако и вие сте од луѓето кои не го претвориле просторот под покривот во плакар, тогаш проверете ги нашите совети за уредување на поткровни простории и послужете се со доза инспирација.

Живеалиштата и начинот на кој ги подредуваме, комфорот кој го создаваме е експресија на нашата сопствена личност. При донесувањето на внатрешни решенија сепак, има и голем број на фактори кои треба да ги земеме во предвид, за изгледот да биде логички издржан и да се чувствуваме слободни во пространството. Ви предлагаме неколку практични совети за уредување на поткровјето.

Движење

Динамиката на движење во една соба е клучна за вашата психолошка состојба и спокојство. Сè што треба постојано да го заобиколувате, вадите и собирате е многу вознемирувачко и непрепорачано. Колку повеќе слобода на движење имате, толку подобро. Исто така, размислете за бројот на луѓе кои ќе кружат на таа локација. На пример, ако е кујна, внимателно поставете го шпоретот и мијалникот, за да можат најмалку двајца да работат во кујнскиот простор без да се судираат и да си пречат.

Височина

Повеќето тавани се скосени. Вашата имагинација може да се отклучи токму поради различните височини на ѕидовите и таваните. Можете повеќе да експериментирате со примена на различни трендови во декорацијата на собата. На местата каде што не можете да се движите исправено можете да поставите тапациран мебел и различни украси за да создадете убавина и атмосфера во домот. Во моментов постојат различни креативни решенија по пристапни цени.
Ако живеете во поткровје, сигурно сте ги прифатиле косините за симпатични детали, затоа искористете ги на најрационален и оптимален начин. Ова е исто така неопходно од психолошка гледна точка. Ако создадете неопходна атмосфера за да се изразите себе си и вашиот вкус, ќе бидете сигурни дека тврдењето – скосените тавани создаваат чувство на притисок е само мит.

Усовршувајте го просторот со кој располагате

Категорично нема пошармантна и потопло место од поткровјето. Предизвиците кои се откриваат пред жителите на поткровје се потешки, но за сметка на тоа и резултатите се во пати позадоволувачки. Еве неколку идеи за уредување на поткровје, кои ќе го подобрат не само ентериерот, но и чувството во домот.
• Закачете лулка на таванот наместо софа;
• Ако просторот е релативно мал, користете огледала, за да се создадете чувство на повеќе пространство
• Користете поминималистички и понизок мебел;
• Украсете ги ниши со растенија или пуштете висечки саксии од таванот;
• Ставете полици на ѕидовите и украсени ги со книги и свеќи;
• Ставете тепих на подот, кој не ја покрива целата негова површина, туку само создава атмосфера или се користи за седење. Тоа е одлично решение кое придружено со убави перници ќе го реши проблемот со нискиот таван;
• Користете ги ѕидовите за да прикачите различни работи. Не само слики, а пример велосипед или музички инструмент;
• Ако подот или гредите се дрвени и се гледаат може да ги декорирате со антиквитети, на пример часовник или стар грамофон, кои не само што се импресивни елементи, но и создаваат чувство на слатка носталгија и се знак на префинет вкус;

Внесете променa

Ако веќе сте подготвени со распределбата на живеалиштето, тоа не значи дека не може да се внесе промена која да го освежи како домот, така и вашиотентузијазам. Ако го сакате вашиот мебел, но тој е веќе остарен, можете да претапацирате. Изобилството на видови тапацир сигурно може да го задоволи секој вкус и потреба. Пребојадисајте ги или лакирајте ги столчињата. Променете ги завесите. Особено во пресрет на зимските празници, кога ќе поминуваат повеќе време дома, ќе пречекувате и испраќате роднини и пријатели, ќе биде одлично ако внесете блага, но освежувачка промена.

Не плашете се да мешате стилови и да експериментирате

Нема ништо лошо во соживотот на наследените семејни предмети, па дури и антиквитети во комбинација со друг помодерен мебел. Општото мислење на декораторите сугерира дека еден од најважните аспекти во дизајнирањето на вашиот дом е да ја одразува вашата индивидуална личност и стил. Античкото биро ја раскажува приказната за вашето минато, а модерната софа ја изразува сегашноста. Нема причина тие да не можат да коегзистираат, така што заложете на овие внатрешни итрини.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing