• Зошто настануваат пукнатини во поткровјето и како да се спречат?

Чести се поплаките врзани со завршната обработка на поткровјата , односно пукнатини на споевите и внатрешните агли. Најчеста причина за овие рекламации е несоодветна бандаж трака, обработка на споевите на температури по 10° С или големи промени на температурата и влажноста по завршната обработка.

Причината може да биде и неквалитетна обработка на споевите, особено доколку не се наполни доволно со маса за споеви. Како последица на тоа на спојот нема доволно материјал и неможат да се апсорбираат напрегањата на материјалот. Тој проблем може да се избегне доколку при исполнување, масата се утиснува бочно во спојот , а потоа се порамнува по должина.

До појава на пукнатини може да дојде и поради недоволна дебелина на минерална волна во кровниот дел. Во летниот период може да дојде до големи дневни температурни осцилации на гипсаните плочи што резултира со пукнатини. Од визуелна страна пукнатините се делат на : слегнати и рамни пукнатини.

Слегнати пукнатини

Причини

Најчеста причина за појава на пукнатини со слегнување е пребрзото сушење. Доколку за неколку дена воздухот брзо се загрева и суши на 40% релативна влажност на воздухот ( честа појава при испитување и брзо сушење на системот за загревање ),

гипсот брзо се ослободува од влагата и се стега. Како последица на ова , се јавува големо напрегање и пукање на масата.

Превенција

Ваквите пукнатини можат релативно лесно да се спречат – со постепено и контролирано греење и сушење, бидејќи со спори промени на темперетура и влажноста, структурата на гипсот останува еластична и го убалжува напрегањето.

Пукнатини на аглите

Причина 1 – Нема бандаж трака на споевите

Кај испуната на споевите со Uniflott не е потребно да се употребува бандаж трака. Тоа е поради неговата единствена сила во комбинација со HRK и HRAK ивиците, но бандаж траката во секој случај ќе го намали ризикот од пукнатини.

Причина 2. Користење на несоодветна трака за спојување

Траката од стаклени влакна е многу лесна за монтаќа , не е многу цврста и спречува да се појават пукнатини. Треба да се користи само кај Knauf Fireboard плочи. Често се користат и самолепливи мрежести траки. Тие при монтажана треба да се оптегнат за да ги апсорбираат силите на влечење.

Доколку мрежестата трака се става преку пукнатината која настанала во масата за исполнување на споевите или на самата плоча, можна е појава на напрегнатост. Најчесто под мрежестата трака доаѓа до пукнатини бидејќи масата за споеви тешко се прбива низ мрежестата структура и составот е недоволно исполнет со маса. Во долниот дел на составот останува воздух и спојот е ослабен. Тој проблем може да се избегне со користење Knauf Kurt трака или Knauf книжна бандаж трака.

Превенција

Книжната трака за споеви се поставува со Uniflott или Knauf Fill&Finish маса за пополнување директно на пукнатините. На крај се нанесува фабрички подготвена маса , како на пример Knauf Super Finish по целата површина и тоа најмалку 1мм дебелина на слој , и повторно да се префарба. Така пукнатините нема да се гледаат, а нанесената бандаж трака нема да дозволи повторно појавување на пукнатини.

Предупредување!

Кај дрвените поткровја ,книжната трака да се користи задолжително. Релативно големо напрегање се прдизвикува од сушење на дрвото, притискање, удари на ветер и снег на кровот, што доведува до значително поместување на конструкцијата.

Создавање пукнатини

Пукнатина со поместување на споевите од различни градежни материјали

Причина

Недостаток на врска помеѓу различни градежни материјали.

Тоа се однесува на пример на спој sид и плафонска дрвена греда или плафон од ненапрегнат бетон. Поради релативно силни поместувања поради совивања , дури и до неколку сантиметри – оптеретувањето може да предизвика пукнатини или деформации на целиот sид.

Превенција

Ова може да се спречи со изработка на структурални споеви кои дозволуваат поместување на елементите или одвојување на различни градежни материјали, на пример со траката Knauf Trenn – Fix. Структуралната дилетација мора да се предвиди за гипсени табли на минимум секој 15м , со што ќе се ускладат нормалните промени во должина предизвикани од температура разлики и влага при менување на годишните времиња.

За поправање на непостоечки спој или спречување непостоечка дилетација на sидовите и/или плафоните треба да се внесат структурални промени кои ќе ја одстранат причината. Доколку се исполни само спојот без да се , санира причината на поместувањето ( а со тоа и правењето на пукнатината ) , на спојот повторно ќе се појави пукнатина. За соодветен спој кој ќе дозволи поместување на елементите потребно е да се отвори дел од sидот или плафонот.

Рамни пукнатини: пукање по средина на спојот

Причина

Поголеми напрегања предизвикани од структурални одстапувања или поместувања

Причината за поголемо напрегања може да биде влага или термално ширење или собирање.

Превенција

Потребно е да се пронајде причината поради која конструкцијата работи. Напрегањата кои насанале во конструкцијата треба да се одстранат , работните услови да се исправат и да се оформи контролиран слој и ослободат од напрегање преградните sидови и големите делови на плафонот. Поголемите пукнатини потребно е да се рашират со остар скалпел.

На така раширената пукнатина треба да нанесете подлога Knauf Tiefengrund. Повторно ставете трака и маса за исполнување на споевите преку голема површина за да се намали зголеменото напрегање.

Рамни пукнатини: пукање на ивица од бандаж трака

Причина

Прашина на ивицит од гипсената плоча.

Прашината прави меѓуслој помеѓу масата за исполнување и гипсаната плоча, и неможе да се воспостави квалитетен спој помеѓу тие делови.

Превенција

Одстранете го одвоениот дел на бандаж траката о пукнатината. На составот нанесете Knauf Tiefendgrund подлога. Составот исполнете го со Knauf Uniflott , почекајте да се стврдне па нанесете фабрички подготвена маса Knauf Fill&Finish. На местата каде треба да се одстрани поголемо папче бандаж трака, повторно треба да нанесете бандаж трака на составот.

ОДВОЈУВАЊЕ НА БАНДАЖ ТРАКАТА, МЕУРЧИЊА, ИЗПАКНАТИНИ

Одвојување на книжната бандаж трака

Причина

Прашина на траката или површината на гипсента полоча.

Меѓуслој со прашина се создава помеѓу масата за исполнување и гипсената плоча, па не е можна квалитетна врска помеѓу тие делови. Отвореното гипсано јадро на засечената гипсена плоча апсорбира вода од масата за исполнување. Тоа значи дека гипсот на овие места пребрзо ја впива водата од масата за исполнување поради водопивливи особини.

Како последица на ова, во пределот на исполнувањето и гипсеното јадро доаѓа до недостаток на вода потребна за врзување . Тогаш неможе да се стврдне масата за врзување туку доаѓа до побрзо сушење инедоволно врзување на масата со плочата.

Превенција

Одстранете го делот на бандаж траката каде се одвојува, или целосно одстранере ја доколку е потребно. Очистете го вишокот на маса и со воздух под притисок очистете ја прашината на спојот. На ивицата нанесете Knauf Tiefengrund подлога. Едноставното влажнење на исечените ивици со влажна четка не е доволно и нема да го решат проблемот на врзување.

Спротивно, кога прашината се навлажнува се создава заматен ” премаз ” кој станува меѓуслој помеѓу масата за исполнување и ивицата, така да и по сушењето повторно останува слободен слој на прашина. Само Knauf Tiefendgrund ефектно ги врзува честичките од прав меѓу себе и со површината. Составот обработете го повторно.

Воздушни меурчиња

Причина

Неквалитетно направено исполнување на составот со гипсените плочи.

Бандаж траката недоволно е втисната во масата за исполнување на споевите, слојот бил предебел или прегуст и бандаж траката пресилно е притисната во слојот со помош на глетарка или шпакла.

Превенција

Одстранете ја бандаж траката каде има меурчиња. Во тој дел нанесете маса за исполнување и повторно втиснете ја бандаж траката со шпакла. По сушењето, местото треба да се помине со соодветна маса за исполнување по целата должина на траката. Дозволено е лепење на книжна бандаж трака за споеви со PVA лепак . Така подготвено масто потоа треба да се прекрие со фабрички подготвена маса Knauf Super Finish.

Нерамнини на составот

Причина

Предебел слој на маса за исполнување на составите.

Масата за исполнување не е израмнете прку слојот, неисправно нанесена маса за исполнување. Ваква нерамнина се јавува доколку не се почека да се стегне исполната врз бандаж траката , туку веднаш се пристапи со завршна обработка ( глетување ) на површините.

Превенција

Траката треба правилно да се втисне ( погледнете во обработка на споеви ), со слој на маса не подебел од 1мм. Нерамната површина треба да се избруси без оштетувања на книжната бандаж трака и да се нанесе фабрички подготвена Knauf Super Finish маса во поширок слој, да се добие рамномерна рамна површина.

ОСТАНАТИ ГРЕШКИ И РЕШЕНИЈА

Видлив спој под странично светло после боењето

Причина

Непостоечки или недоволно дебел завршен слој ( степен на квалитет на површината Q4). Одредени површини дават впечаток на релативно мазни, но различното впивање на масата и гипсената површина како последица даваат разлика во структурата и дебелината на слојот при нанесувањето на бојата и поради тоа се гледаат слоеви.

Превенција

Комплетната површина на гипсената да се прекрие со фабрички подготвена Knauf Super Finish маса со дебелина од минимум 1мм дебелина. Впивањето на целата површина ќе се изедначи и ќе се намали контрастот на бои.

Пред да се нанесе бојата по целата површина треба да се нанесе подлига препорачана од производителот на бојата.

Разлики во сјајот при употребување на сјајни бои

Различната моќ за впивање на книжните гипсани плочи и масата за исполнување може да ја посветли нијансата на бојата или предизвика промени во сјајот, на места каде впивањето е поголемо. Тоа најмногу се случува со уљани бои, но може да биде последица на разика во текстурата на хартијата и масата или прекумерно разредена боја.

Поради различната моќ на впивање исто така при нанесувањето на деловите со поголема моќ на впивање можно се поголемо наслаги на материјал. Тогаш доаѓа до промена на површината кога се гледа од одреден агол.

Проблемот станува понагласен при интензивно бочно осветлување кое на површината на sидот или плафонот паѓа под мал агол. Таков проблем може да се појави на места каде има некој прицврстувања на плафонот кои се изложени на интензивно вештачко осветлување или природно осветлување.

Причина

Непостоечки или недоволно дебел завешен премаз ( степен на квалитет на површината Q4).

Превенција

Површините треба повторно да се обработата. Целата површина треба да се прекрие со фабрички подготвена маса Knauf Super Finish со мин.1мм дебелина. Оставете да се исуши.

Потребно е да внимавате , книжната површина при брусење да не стане многу груба . При работа обезбедете силно осветлување насочено на површината за да се обезбеди завршна обработка пред нанесување на подлога, текстура и/или боја.

И на крај, грешки кои на градилиштата често се случуваат, додавање вода или маса во прашкаст материјал на гипсена база кој веќе почнал да се згуснува. На овој начин, спојот што веќе настанал помеѓу гипсените честички повторно се раздвојува и масата за исполнување не постигнува потребна цврстина.

Со употребување на измачкани канти за мешање и глетариси/ шпакли со остатоци од предходно користени маси се скратува времето за врзување на масата за исполнување. Истиот ефект се добива доколку употребуваме студена вода.

Тоа лесно може да се спречи доколку употребувате чист алат и канти за мешање, вода со собна температура како и соодветен избор на маса за исполнување и завршна обработка со соодветно време на врзување.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing