• Живот во поткровје гледан од агол на еден мачор

Да се представам

Јас, Миливое, нагалено Мили ,Мики или слично, понекогаш заборавам, сијамски мачор со големо педигре, што и не ми значи во животот.

Имам бушаво крзно, бисерно-цимет боја, со елегатно црни шепи, опаш и муцка. Моментално сум во најдобрите години. Во полна снага, ведрина и желба за авантури.

Секој ден кога ќе станам и пред спиење сакам да отпеам некоја арија, за што сметам дека сум доста талентиран. Предпоставувам дека тоа што домашните постојано ми префрлаат ” замолчи Мили ” е всушност нивното воодушевување од мојата бравурозност.

Деновите ги минувам боемски , насладувајќи се со разни закуски и тоа по 5-6 пати на ден, спијам , дремам, се тегнам како дел од редовните гимнастички вежби, колку да ја одржувам линијата.

Моето поткровје

Мојата гајба се наоѓа на шестиот кат од една зграда, во пријатно и светло поткровје , со вкупно 4 кровни прозори и една влезна врата. Имам спална и дневна соба, кујна со шанк, ходник и тоалет. Живеам со двајца цимери кои не се мој вид, знам само дека едното е машко а другото женско , но не ми е јасно во каква врска се.

Јас не ја пикам муцката во туѓи работи. Тие редовно ми подготвуваат вкусни јадења, ме масираат и чешкаат, а понекогаш паѓа и по некој бакнеж ( хе хе…) Сите тројца спиеме во исти кревет, слушаме секаква музика од цел свет, а јас лично најмногу сакам натпревар во пеење. Потполно ме обзема натпреварувачки дух, па неможе да се воздржам а да не го вклучам моето совршено вибрато.

Всушност, да се вратам на темата, сакав на останатите мачки ( особено на цица маци ) да им објаснам зошто животот во поткровје е најдобар избор. Бев толку вреден и инпириран и напишав 6 најважни предности.

1. Кровни прозори

Како што кажав , имам 4 кровни прозори. Бидејки изолацијата е добра, прозорците се отворени или барем подотворени преку цела година, што ми дава фантастични можности да рипнам на кров и излезам на чист воздух кога ќе посакам.
Доволно е со еден елегантен скок да рипнам и кровот да го пипнам ( ви реков дека сум музикален и поетичен )Не треба да ви нагласувам дека обожавам да талкам по кровот, секогаш си наоѓам забава и занимација.

2. Врапчиња, гулапчиња и други драгоцености

Нема поголема забава и фитнес од меркање глупави птици, кои многу ме нервираат со нивните грозни еднолични песни. Да не спомнувам колку фалшираат ! Огобено ги мразам гулабите како ми се шантраат, а особено сум згрозен од нивната нехигиена и некултура ( неможам да разберам дека ТОА неможат да го прават во својот песок, туку на мојот кров )!

Најмногу сакам кога ќе ги изненадам и исплашам. Како палто ќе се размафтаат со тие нивни ќопави крилца. Врапчињата се малку посериозна мета, и секогаш кога ќе грабнам некое се чувствувам горд. На кровот се наоѓаат и други скапоцености како шајки, тапи од шишиња , крпи пешкири, кои сакам да им ги подарувам на моите цимери. Не се враќа Миливоје од лов со празни раце.

3.Надзор врз чаршијата

Многу е битно да се знае кој и кога талка по вашата улица. Бидејки имам најдобра позиција, имам две функции во населбата – стражар и секретар. Строго водам евиденција за постојаните станари а ги бележам и новите, особено ако се сомнителни.

Оваа серизна задача бара  понекогаш да мириснам и пред туѓи прозорци, па дури некогаш да се заканам во ококорен поглед директно во сопарникот. Без разлика што се изложувам на опасност, има тука и убавина, како шмекање на млади дами кои приквачер се шетаат по кровното корзо а жешките попладниња ги поминуваат во сензуално излежување.

4. Комшики

Јас сум едно социјално суштество. Кога моите цимери ќе отидат на некаква си работа, сакам да скокнам до мојата прва комшика , се разбира низ прозор. Таа се вика Митра, но без разлика што е од непријателската сорта кучиња, ние добро се разбираме, пријатели сме уште од мали нозе.

Сакаме да дремеме во нејзиното поткровје, да се грицкаме и лицкаме ( за скептиците: ништо повеќе од пријателство! ) , а понекогаш ќе се изгребам и за парче пилешко кое тој обично го јаде за ручек. Добро е да имаш комшика до која можеш да дојдеш незабележан.

5. Тајни места

Сигурен сум дека секое поткровје има свои скришни места. Ги знаете оние празнини под кровните косини, или места недостапни за цимери. Јас лично имам тајна врата во дневната соба, каде моите цимери чуваат некој тегли и други глупости, и тие незнаат дека јас тука знам да се шмугнам и на раат да медитирам. Ќе ви откријам и една тајна – тука го сокрив своето богатство собирано цела година:

  • 7 разни чорапи
  • 1 понач за некој мобилен
  • 12 ластчиња за коса
  • 15 шноли
  • 3 решетки за лавабо
  • и… да не откривам баш се

Понекогаш ми е интересно кога ме викаат и бараат, а јас се преправам дека не сум тука, па таман кога ќе помислат дека не сум тука, ќе изрипам со драматичен глас. Слушнав од некој комшии дека некој поткровја имаат дури и греди на кој можеш да се бесиш колку сакаш, што ми се допаѓа. На цимерите ќе им предложам и ние да набавиме такво нешто.

Што  ви раскажувам ? Јасно е дека животот во поткровје е прекрасен.

Така , драги мои мачори и мачки , изборете се за своето поткровје.

П.С. Пишете ми! пратете ми ваша слика и слика на вашето поткровје во моментите кога уживате.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing