• Живот под шарен покрив

КАКО ВЛИЈААТ БОИТЕ НА ЌЕРАМИДИТЕ НА ЖИВОТОТ ПОД ПОКРИВ?

Честопати покривот не го земаме предвид кога си го замислуваме домот од нашите соништа. Во повеќето случаи си ги замислуваме ентериерот, фасадата, градината, но не и покривот. Не треба да забораваме дека тој е многу важен дел од нашиот дом во секој аспект – функционалност, естетика, одржливост и практичност. Покривот е оној дел од затворената структура на домот којшто обезбедува заштита од влијанието на неповолните временски услови, како што се на пример дожд, снег и сонце, па следствено на тоа има повеќе функции во споредба со фасадните ѕидови. Поради оваа причина, навистина е важно да го избереме вистинското решение за нас и внимателно да го испланираме секој детаљ поврзан со него – вклучително и бојата на ќерамидите.

Боја и температура

Бројни студии покажуваат дека кога небото е ведро, од 20% до 90% од топлината што ја апсорбираат ќерамидите, се пренесува внатре во домот, во зависност од избраната боја на ќерамидите. Поради нашите климатски услови и големиот број сончеви денови во текот на годината, правилниот избор на боја за постигнување на саканиот ефект е од суштинско значење.

Температурата во вашиот подпокривен простор е под директно влијание на бојата на покривот.

Светли или темни покриви

Тоа е така затоа што посветлите ќерамиди рефлектираат поголема количина на сончева светлина, додека потемните го акумулираат поголемиот дел од зрачењето. Ако сакате Вашето поткровје да биде пријатно место за живеење во текот на жешките летни месеци, тогаш треба да изберете ќерамиди со природни, светли теракотни бои, коишто ќе Ви обезбедат заштита од прегревање. Меѓутоа, ако преферирате топол и пријатен кос покрив во студените месеци, можете да изберете ќерамиди со боја на вино, како и темно кафеави и црни ќерамиди. На овој начин, во зима ќе ги искористите сончевите зраци за да ги намалите трошоците за греење. Во секој случај, важно е покривот да биде изграден со сите потребни дополнителни елементи за вентилација, без оглед на сезоната.

Бојата и каприците на времето

Анализата на ефектот на студен покрив* (ненаселен подпокривен простор) покажува дека бојата на покривот има поголемо влијание на температурата на покривната површина отколку материјалот. Ова влијание треба да се има предвид при топењето на наталожените снежни маси на покривот. Во зима, во периодот непосредно пред снежните врнежи, покривите со темни ќерамиди имаат повисока површинска температура во споредба со оние со светли ќерамиди. Така, кога се таложи голема количина на снежна маса по обилни врнежи од снег, покривите треба да се заштитат од масовно топење на снегот со помош на снегобран елементи или цели системи. Во случај на подолги период со снежни врнежи ефектот е минимален, бидејќи снегот создава покривка којашто го рефлектира поголемиот дел од сончевата светлина.

 Да не заборавиме и на изгледот на покривот

Боите на ќерамидите не влијаат само на температурата на покривот, туку и на целокупниот изглед на домот.

Современите трендови покажуваат тенденции, домовите со посовремена и модерна визија да бидат со потемна, дури и антрацитна боја на покривот, што е во спротивност со едноставните форми на светлите фасадни ѕидови и мат рефлексиите на големите прозорци. Обратен тренд се забележува кај потрадиционалните решенија во медитерански стил, каде што повообичаена е употребата на ќерамиди со неутрална боја на керамиката и сите нејзини земјени нијанси.

Покривите од ќерамиди на островот Св. Стефан се едни од неговите најкарактеристични белези.

Индивидуалните одлуки што ги носиме, влијаат врз целокупниот изглед на урбаната средина. Доказ за тоа е на пример, хрватскиот град Дубровник, каде сите објекти се многу светли, во бела боја, со цел да се намали греењето од силното сонце, а покривите се целосно во теракотни бои. Изградбата или реставрацијата на објекти во историска средина бара правилен избор на секој детаљ со цел да се зачува автентичноста на визијата на објектите. Во овој случај, најсоодветни се ќерамидите со традиционална визија, коишто потсетуваат на старите глинени покриви. Можеме ли да си го замислиме Дубровник или островот Св. Стефан без нивните типични покриви од ќерамиди во природни, топли бои?

Која варијанта и да ја изберете, она што е важно да се запамети е дека косиот покрив е петтата фасада на домот. Покрај неговите чисто естетски квалитети, не треба да ја потценуваме и неговата функционална улога да ги приспособува климатските услови на нашите лични преференции и на тој начин да се дојде до оптимално решение во корист на безбедноста и сигурноста на нашиот избор. Разгледајте ги сите варијанти тука.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing