• Топлина која доаѓа од внатрешноста

Кога се гради семејна куќа или друг објект, приоритет е да се постигне енергетска ефикасност, да се внимава на тоа дека треба да се создаде пријатна средина во која ќе уживате и во која ќе можете да создавате спомени во пријатна и здрава микроклима.

Градењето воопшто не е лесна работа, без оглед на тоа за каков вид на објект станува збор. За семејна куќа позната е изреката дека се гради еднаш во животот, затоа овој процес е нешто на кое треба да му се посвети особено внимание.

Покрај многуте предизвици со кои може да се соочите при планирање и градење, еден од најзначајните е изборот на градежни материјали и квалитетна изолација за надворешните и внатрешните ѕидови. Овие материјали се најбитни и ја обезбедуваат долготрајноста и квалитетот на објектот. Добрата изолација на надворешните sидови придонесува за оптимална внатрешна температура на објектот, затоа внимавајте на изборот на градежен материјал затоа што тогаш всушност го бирате домот во кој сакате да живеете.

Здрава животна средина

Со оглед на тоа дека скоро 90% од нашето време го поминуваме во затворени простории, здравата и пријатна микроклима е една од најважните работи која треба да се обезбеди.

Глинените градежни материјали ја регулираат влажноста на природен начин. Тие придонесуваат за здрава и пријатна атмосфера во просториите и благосостојба на оние што престојуваат во нив.

Ова го добивате со помош на тулите Porotherm IZO Profi кои имаат оптимални градежни својства.

На следниот линк можете да видите информации за контакт од комерцијални претставници на Винербергер околу цената и набавката на Porotherm IZO-Profi тулите

Природно и здраво домување

Производите на Porotherm обезбедуваат оптимална влажност во просторијата и на тој начин обезбедуваат здрава животна средина за нашите деца.

Во Институтот за градежна биологија во Rosenheimu и Институтот Sentinel-Haus во Freiburg се направени независни испитувања кои докажуваат дека производите на Porotherm не содржат штетни материи и дека не доаѓа до испарување кое може да го загрози здравјето.

Однос помеѓу квалитетот и долготрајноста

Тулите на Porotherm се составен дел од концептот за производство на офржливи градежни материјали, што во контекст на здрав и безбеден дом значи употреба на природна и трајна глина, како и избегнување на други рециклирани материјали, опасни и штетни материи.

Помали трошоци за градба

Покрај тоа што се заштедува на изолација и  материјали за време на градба, се заштедува и на дебелината на sидовите, со што се обезбедува поголем простор за живеење. Градбата со Porotherm IZO Profi  тули и лепило Dryfix.extra, значително го забрзува процесот на градење, ги намалува непредвидливите трошоци и со тоа ги намалува и вкупните трошоците на градба.

Покрај тоа што не се запаливи, глинените блокови штитат од радијација, издржливи се, без скоро никакви трошоци за одржување во наредните децении и истите можат 100% да се рециклираат.

Глинените производи се здрави, затоа се користат и за:

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing