• Што нѐ тера да се чувствуваме среќни и опуштени?

    ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ РАЗМИСЛУВАЛЕ ЗА ТОА?

Има ли некаква посебна причина и идеја, кои одредуваат дали сме задоволни и дали се радуваме на животот или напротив, кои не тераат да бидеме несигурни, немирни и исполнети со грижи? Ако го избегнеме чисто психолошкиот момент дека сите овие емоционални состојби имаат различна манифестација, дека можат да бидат предизвикани од индивидуални стимуланси и дека зависат од различни причини, можеме да се обединиме околу мислењето дека постојат општочовечки зависности и непишани закони кои го обликуваат нашиот личен светоглед и влијаат на начинот на кој гледаме во животот.

Таквите сеопшти вистини се на пример, желбата на секој од нас да добие добро образование, за да може да си обезбеди перспективна иднина, потребата да се најде професионална дејност, каде да го развиеме целокупниот наш потенцијал и да добиеме соодветна заработувачка или пак стремежот да најдеме партнер и создадеме семејство. А со што го поврзуваме семејството? Со удобност, безбедност, топлина, споделување, заеднички вредности и моменти на блискост и спокојство.

Давајќи си сметка за сето тоа, не е тешко да се разбере што е значењето на местото каде што живееме и каде што ги градиме сите овие непроценливи за сите нас моменти. Бидејќи домот е нашето мало царство, каде што ги создаваме нашите најзначајни спомени. А зар нема да е жално, ако тие се поврзани со негативни емоции кои ни пречат да оцениме што е тоа што е вистински убаво и значајно во животот? За никој не е тајна дека ако имаме проблеми дома, тие имаат влијание врз нашата севкупна емоционална состојба. Токму затоа сме пред се луѓе и треба да знаеме дека спокојството е потребен услов за да одиме самоуверено напред.

Осознавајќи го сето тоа, ние во Tondach ги насочуваме напорите, првенствено кон задоволување на потребата на секој од нас да се чувствува сигурен, мирен и задоволен од животот, кој го води под сопствениот покрив. За да го постигнеме тоа, во основата на нашата работа го ставаме обезбедување на комплетни системски решенија кои можат да дадат сè што е потребно за косите покриви и да дозволат реализација на секакви смели идеи за форми, симетрија и убавина.

Застанувајќи врз стабилната основа која керамиката како градежен материјал ни ја дава, можеме да дадеме сè што е потребно за изградба на нов или реновирање на стариот покрив. За нас, ова е начин да гледаме напред кон иднината и да го обезбедиме мирот на нашите најблиски. Посветуваме и посебно внимание на убавината на спроведувањето и емоцијата која нашите покриви можат да ја разбудат, помагајќи ви да го замислите и со уште поголемо нетрпение да го очекувате неговото претворање во реалност.

Зашто вистината е дека среќата, безбедноста и спокојството не се крајна точка на едно патување, а можат да не придружуваат во секој еден направен чекор. Дали сакате да ги направиме овие чекори заедно?

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing