• Реновирајте го Вашиот дом на вистински начин!

Дали купивте или наследивте куќа која е стара неколку децении? Има нешто многу посебно и шармантно во овие куќи. Историјата, традицијата и квалитетот на градбата е карактеристично за ваков тип на куќи. Порано објектите кои се граделе  траеле со генерации. Биле предвидени сите потребни детали, соодветна дебелина на ѕидовите како и дали просториите се доволни за секој член од семејството. Супер е тоа е што Вашето семејство ќе може да поминуваме убави моменти во таа куќа.

Како од ваков тип на куќа да направите дом? Најголемо уживање (особено за женската популација) е уредувањето на ентериерот и градината. Малите детали, мебелот, бојата на sидовите и другите визуелни елементи навистина даваат посебен личен печат на објектот.

Сепак, не смееме да заборавиме дека, пред било какво уредување на домот, првично треба да се обрне внимание на функционалноста на објектот. Честопати, долготрајноста на материјалот може да предизвика проблеми во секојдневието и да го расипе целокупниот впечаток како и уживањето во животот.

За да го заштитите сето она што е во самата куќа, прво мора да започнете со проверка на квалитетот на самиот покрив. Како што се вели, покривот ја штити куќата. Доколку се трудите околу уредување на ентериерот, не би било пријатно  сè да се распадне за време на првите поројни дождови. Таа штета може да биде многу поголема од превентивното реновирање на самиот покрив.

Затоа, пред да преминете на фините детали и избор на мебел, повикајте стручно лице кој ќе изврши ревизија на покривот на Вашиот нов дом. Претежно на постарите објекти, покривот е веќе за санација, не е функционален ниту визуелно привлечен. Неопходно е да се проверат левите, вентилацијата и самите ќерамиди. Ако навистина покривот не е ја извршува својата примарна функција, немојте ни за момент да се размислувате за реновирање, ова треба да Ви биде првична обврска.

Познато е дека реновирањето е поголема инвестиција  но е една од најбитните за домот. Исто така, постојат голем број на додатоци кои овозможуваат долготрајност на покривот за кои треба да се информирате пред да направите промена која ќе трае со децении.

Tondach Винеам со своите системски решенија e совршен избор за реновирање на покривот затоа што нуди голем број на придобивки за сите оние кои се решиле на ваков потфат.

Реновирањето повеќе нема да биде проблематично ниту пак да Ви одземе премногу време.

Освен што е произведена  од високо квалитетни природни материјали, Винеам е економична, достапна и визуелно убава ќерамида. Во прекрасна природна боја на глина, со систем од керамички елементи во идентична боја, Вашиот покрив може да биде и квалитетен и убав. Со својата широка рамна покривна површина на покривот му дава рамен изглед. Традиционалните линии на ќерамиди Винеам, со години ги воодушевуваат инвеститорите на нашите простори.

Дали знаевте дека Tondach Винеам поради можноста за поместување, е најсоодветно решение за реновирање. Покрај тоа, потребни се само 12,3 парчиња за покривање на еден квадратен метар на покривот, и затоа употребата на овој модел го забрзува самиот процес на реновирање. Неговата оптимална тежина нема да претставува проблем и преголемо оптоварување на дрвената конструкција.

Големиот избор на керамички и некерамички системски елементи ќе обезбеди Вашиот покрив да постигне целосна функционалност и издржливост. Зарем не би било убаво, Вашите деца да наследат дом со квалитетен и издржлив покрив кој ќе трае со генерации.

Ако на сето ова додадеме и бесплатна техничка поддршка и бесплатна пресметка на потребниот материјал од Винербергер, тогаш знаеме дека менувањето на покривот нема да биде тежок процес.

Не смееме да ја заборавиме фантастичната гаранција од 33 години на Tondach, што ќе му донесе сигурност и спокој на целото семејство.

По сите потребни чекори за реновирање на покривот, можете мирно и без грижи да се посветите на понатамошно уредување на идниот топол дом.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing