• Покривот не е само ќерамиди

Уживајте во сигурноста и долготрајноста на Вашиот покрив со сеопфатните и оригинални решенија Tondach. Глинените ќерамиди од Wienerberger ги обединуваат најновата производствена технологија и високата еколошка компатибилност.

Кога ќе споменеме покрив, прво нешто кое што ни поминува во нашата глава се ќерамидите. Но, квалитетниот и долготраен покрив не се состои само од ќерамидите. Тие се основата на покривот, кој се дополнува со многу други компоненти, кои функционираат синхронизирано. Со нивната помош се креира еден целосен покривен систем.

Покрај ќерамидите, другите компоненти од кои имаме потреба се завршни елементи како капаци и крајни/завршни ќерамиди, отвори, елементи за вентилација, снегобрани итн. Но, вклучувајќи ги и нив, сè уште зборуваме за видливиот дел од покривот. Елементите како потпокривната фолија, држачи за фиксирање на ќерамиди и капаци, вентилациски ленти, дихтунзи и опшивки се оној невидлив дел, кој помага покривот да функционира како една целина и да нè заштитува од дожд, снег, бури, град…

За да имаме позитивни ефекти и резултати многу битен елемент е начинот на кој е решено и создадено системското решение на Tondach кое е составено од: цевки, ќерамиди, флексибилни ќерамиди и манжетни. Трајно штити од протекување на вода низ покривните празнини. Вентилацијата е од надворешната страна на покривот, секако незабележителна и многу  дискретна, бидејќи внимаваме и на самиот дизајн и естетски изглед. Отворот има излез на воздух со површина на пресекот од 150 cm2. Приклучокот за хидроизолација не пропушта воздух ниту вода.

Решенија за било, гребен, проветрување на покривот и заштита од птици

Се карактеризираат со целосна сигурност. Обезбедуваат многу елементарна функција – дишење на покривот. Ќерамидите за било хомогено се вклопуваат во визуелниот идентитет на покривот. Било-гребенските елементи ги решаваат проблемите со влагата.

  • Вентилирана алуминиумска лента во ролни за зацврстување на гребенот и билото на покривот, со патентирана технологија Roof Grip Extreme од компанијата Wienerberger – ја претставува новата генерација на ленти за зацврстување гребени и била.
  • Технологијата е развиена и испитана за употреба на керамички површини. Резултатите од испитувањето на цврстината при истегнувањето, покажале тројно поголема цврстина на спојот на глазираните, енгобираните и природно црвените површини во споредба со стандардниот комерцијален бутил.

Надворешни покривни линии

Нормално дека билото и рабовите на покривот се најизложени на ударот на силните ветришта и сите  другите временски непогоди. Керамичкиот прибор Tondach, почетните и завршните билни плочки, заедно со рабната ќерамида се совршено и сигурно решение против дождот, градот и снегот.

Заштита од силни ветришта

Закопчувалката Tondach против невреме и завртките за прицврстување со запечатување гарантираат сигурност, следејки ги најновите градежни меѓународни норми.

Проветрување

Порозниот материјал и оптималниот проток на воздух спречуваат задржување на влагата. Ќерамидите на Tondach се од глинен, порозен материјал кој врши дифузија на влагата и воздухот што содржи водена пареа од внатрешноста на објектот во атмосферата.

Предности на решенијата за било, гребен и проветрување на Tondach

  • Брзо и едноставно вградување.
  • Оптимален проток на воздух и дишење на покривот.
  • Дифузија на водата и на водената пареа од просторот во околината.
  • Температурна постојаност

Заштита од снегот што паѓа од покривот

Снегобраните Tondach и дополнителната опрема се овде за да ја гарантираат сигурноста и да го спречат неконтролираното паѓање на снегот од покривот. Оваа ситуација ние доста позната и сите ја знаеме потребата од оваа заштита. Снегобраните суптилно се интегрираат на ќерамидата, повторно внимајвајќи на естетскиот изглед и дизајн на покривот.

Проверен квалитет – 100% издржливост

Покривот на секој дом е изложен на атмосферски влијанија и треба да може да опстои и покрај сите промени низ времето.

Ќерамидите Tondach не пропуштаат вода и имаат висок степен на издржливост на мраз. Тоа е постигнато со комбинација на квалитетни суровини и високотехнолошки производствен процес. Готовите керамички ќерамиди минуваат низ различни тестови за издржливост, исто така гарантираат дека ќе опстојат при сите можни каприци на времето.

ИМАТЕ ПРАШАЊА И НЕ ЗНАЕТЕ КАДЕ ДА СЕ ОБРАТИТЕ

За сите информации во врска со набавката и цената на производите на Wienerberger, имате повеќе информации на следниот линк.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing