• Покривот како петта фасада

Покривот го надополнува архитектонскиот израз,  обезбедува дополнителна комуникација помеѓу архитектот и набљудувачот.

Дополнување на архитектонскиот израз

Kлимата e важен критериум за избор на материјали, затоа глинените ќерамиди се најпопуларниот материјал за покрив, тоа е така со векови а ќе продолжи и во иднина. Нивната примарна функција е заштита од надворешни влијанија затоа и изборот на тоа која ќерамида ќе биде поставена како покрив веќе подолго време е предмет на строги заповеди од страна на климатските услови.

Затоа што покривот се смета како петта фасада на објектот, освен безбедноста која се подразбира дека треба да ја нуди, сите  очекуваме многу повеќе од покривот. Покривот е составен дел од идентитетот на објектот и потребно е го надополни архитектонскиот израз, односно да обезбеди дополнителна комуникација помеѓу архитектот и набљудувачот.

Доколку на овој претходен начин го дефинираме покривот, би било потребно да се одговори на најстрогите барања на модерната архитектура и да се понудат високо квалитетни решенија. Поради новите барања на модерната архитектура, развојот на технологијата, иноваците и одржливоста постојано се создаваат нови и модерни Tondach ќерамиди како што се Сатурн, Болеро, и Твист. Со минималистички дизајн и чисти,  прави линии, овие ќерамиди совршено ќе се вклопат во модерната архитектура како и во непосредната урбана средина.

На следниов линк можете да направите пресметка на потребните елементи за вашиот покрив.

Кога станува збор за крајбрежните области, архитектите се стремат кон користење на стилот на традиционална медитеранска архитектура. Венера совршено ги исполнува овие медитерански критериуми, естетски ја следи линијата и формата на најстариот медитерански покрив – каналица. На овој начин се комбинира природното, традиционалното но и модерната естетика, многу успешен проект со 5 пати побрзо покривање и исклучителна отпорност на невреме.

Големите формати на ќерамиди овозможуваат брзо и лесно покривање, развиени се одржливи решенија за наклон на покрив и од 10 степени! Гаранцијата е дури 33 години, ова е потврда за долготрајност и врвен квалитет.

Покрај тоа што се достапни во повеќе бои, овие ќерамиди формираат и нови трендови, а со својата долговечност и безвременска елеганција ги задоволуваат потребите на секој инвеститор. Затоа Tondach ќерамидите се развиваат во согласност со она што го диктира иднината на домувањето.

Што го дефинира и по што се карактеризира покривот Tondach?

Многу е важно кога основната Tondach ќерамида е поставена со оригинална системска опрема која е неопходна за беспрекорна долготрајност. Без разлика дали станува збор за елементи за вентилација на покривната конструкција, елементи за заштита од снег, секундарен покрив или заштита од ветер, секој елемент има своја функционалност и обезбедува одредена безбедност или пак некој дополнителен естетски изглед.

Системската опрема на Тондах е составена од керамички и некерамички додатоци. За да се постигнат идеално прави линии на гребенот истите се изведуваат со сува инсталација на капаци, како и нивни придружни елементи (почетни и завршни ќерамиди, почетен капак, разделник на било итн.)

Во прилог на керамичката опрема, во системот на покривот е инсталирана и дополнителна (не керамичка) опрема. Покривните фолии Fol S и Fol K се совршено решение за изградба на секундарен покрив, со оглед на нивните уникатни карактеристики и гаранција од дури 20 години.

За сите информации во врска со набавката и цената на производите на Wienerberger, можете да се информирате овде.

За да спречите неконтролирано лизгање на снежната покривка од вашиот покрив, снегобраните на Tondach – нудат трајно и безбедно решение, кое совршено се прилагодува на профилот на индивидуална ќерамида и не го нарушува изгледот на покривот во форма и боја. Покрај тоа, за заштита од бури или да се спречи подигнување на ќерамиди од ветерот, се инсталираат разни прицврстувачки клипови (држач за летва, закопчувалка за прицврстување на ќерамиди, држач за фалцован капак).

Многу е важно  системската опрема Tondach да се изврши на хармоничен и технички исправен начин, со ова би се постигнало поголема безбедност и подолг век на траење на покривот а би се избегнале последователни трошоци за поправка и одржување.

Можете да направите нарачка за бесплатен примерок на Tondach ќерамида преку следниот линк овде.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing