• Поглед од врвот

Квалитетна заштита, издржливост и привлечен изглед…ова се трите главни карактеристики на кои луѓето треба да обрнат значајно внимание, при градење или реновирање на покрив.

Висококвалитетната глинена ќерамида ги задоволува сите три поставени услови.

Поради печење на 1000 °C животниот век на ќерамидата е над 100 години, а изборот на форматот на ќерамидата скоро секогаш зависи  од климатските услови каде што се  наоѓа објектот.

Покривот е „глава“ која ја заштитува куќата. Според обликот на покривот ги делиме на едноводни, двоводни, покрив во L форма, четириводни покриви. Тие можат да бидат рамни, конусни, мансардни, во форма на кула. … Каков наклон ќе има покривот зависи од материјалите кои се употребуваат, но и од климатските услови во кои се гради. Во потоплите региони, покривите се релативно рамни или имаат помал наклон, додека во областите каде има сурова зима, тие имаат поголем наклон. Оние кои бараат решение што би ја подобрило топлинската ефикасност на објектот, одбираат двоводен покрив. Благодарение на природната вентилација под горниот слој на покривот, вие обезбедувате оптимална удобност во просторијата и во лето и зима.

Овој тип на покрив има стабилна конструкција, затоа е одличен избор на се почестите временски непогоди кои настануваат како последица на климатските промени. Двоводните покриви обезбедуваат брз одлив на вода во случај на силни дождови, тие се економични и овозможуваат практично уредување на просторот на таванот како и повеќе простор за живеење отколку просторот кој го нудат  куќите со рамни покриви.

Атрактивни и долготрајни

Квалитетниот покрив подразбира квалитетна конструкција, но и квалитетна ќерамида. Глинените ќерамиди кои се користат за изградба и реновирање се одлично решение поради многуте предности и економичноста. Глинената ќерамида се пече на високи температури, што го продолжува својот животен век и над 100 години. Бидејќи се работи за природен материјал, глината не содржи штетни материи. Квалитетната глинена ќерамида е отпорна на топлина, студ, дожд и бура.

Нема потреба да бидете загрижени за проблемите кои можат да настанат поради бучава. Покривот од квалитетни глинени ќерамиди е одличен изолатор на бучава, така што можете да уживате и да спиете спокојно во вашиот дом. Покрај тоа, треба да се напомене дека глинената ќерамида може да се реупотребува.

Ќерамидата има  природно убав материјал и нејзината привлечност не се намалува со текот на годините. Обратете внимание на изборот на големината, бојата и видот на ќерамидата. Можете да одберете од модерни рамни ќерамиди со енгоба или глазура, до природни црвени ќерамиди што се изработени со најсовремена технологија, а кои со векови ги украсуваат покривите на куќите.

Модели за секој објект

Современата ќерамида со голем формат, освен што е лесна за инсталирање, достапна е и во разни нијанси: од природно црвено, преку бакарно-кафеавa енгоба, сивa па сè до црна. Ретро моделите на гр ќерамиди се ненаметливи и едноставни. Постојат ќерамиди со различни форми, заобленост или формати кои му даваат необичен изглед на покривот, истите особено се користат во традиционални и историски градби.

Ќерамидите со голем формат нудат можности за поместување при поставувањето и се идеални за објекти кои се наоѓаат на места со континентални климатски услови, нивниот специфичен дизајн го штити објектот од силен дожд и ветер. Доколку градите куќа со модерна архитектура, на пазарот постојат професионални решенија кои ги поддржуваат одбраните покривни конструкции.

Ќерамидата може да ја долови медитеранската елеганција на објектите, но исто така освен визуелниот дел таа обезбедува и максимална заштита од екстремни климатски услови, како што се оние кои се појавуваат на  крајбрежјата. За такви места е потребен покрив што ќе штити од продирање на вода, силни налети на ветер или врнежи од дожд и до 200 километри на час. Во такви ситуации, најдобриот избор е ќерамида со длабоки рабови, што обезбедува водонепропустливост дури и на многу големи наклони на покривот. Овој тип на ќерамиди ја задржува својата оригинална боја без оглед на изложеноста на ултравиолетовите зраци, како и големиот број на сончеви денови во годината.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing