• Париско поткровје низ илустрација и збор

Денес ве носиме во Париз. Не на кроасан или прошетка покрај Сена ( впрочем во Париз денес врне ), ве носиме во едно поткровје. Знаеме дека ова не ви е чудно, поинакво патување неможевте да барате од вљубените во поткровје.

Па, ајде да почнеме…

Прво што ни паѓа во очи во овој дуплекс од 80 метри квадратни се сивите тонови. Иако sидовите се бели, сивите тонови со кои е бојадисана циглата се толку нежни што на амбиентот му даваат посебна нежност и елеганција. Портокаловите детали во вид на перничиња и гредите во природна боја , се потрудија овој простор да не изгледа стерилно и студено. Светлите тонови на мебелот , дополнително ја нагласуваат светлината во станот, и го прават поголем.

Дневната зона е од отворен тип и ја сочинуваат: дневниот престој , трпезаријата и кујната со голем камин во средина, кој на свој начин е конектор во просторот. Во зима сопствениците уживаат во огинот , а во лето ова место станува централно место за дружба со романтична светлина на свеќите. Од дневната соба се искача на преубав мал балкон со поглед на париските кровови и урбаното градско јадро.

На горниот кат е спалната соба, малечка ,светла и шармантна. Уредена е, како и останатиот дел од поткровјето, во скандинавски стил, под кров со љубов и вкус.

Како и секогаш, овој пример го споделивме со вас, со цел да ве инспирираме и помогнеме својот дом под кровот да го уредите на најубав и најдобар начин – секако кога за тоа ќе дојде времe.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing