• Одберете покрив на кој нема да му наштети ни најголемата бура

Основен елемент за една куќа, зграда, објект… покривот освен што е заштита и сигурност за вашата инвестиција, тој додава премногу во шармот и естетиката како едно место ќе изгледа. Модерно или ретро? Според континенталниот стил или ќе влијаат елементи на медитеранот?

Квалитет, трајност и привлечен изглед – три главни карактеристики на покрив што им се потребни на луѓето кога градат или реновираат. Денес имаме избор и можеме да настраниме од естетски поставените основи за тоа како треба да изгледа еден покрив. Постојат најразлични форми, бои и големини на ќерамиди. Покривот е на врвот на нашиот дом и е првиот елемент изложен на силен дожд, снег, ветар и други временски непогоди кои во голема мера можат да го уништат домот. За заштита од протекување на вода пр на вода, создавање на влага и сл. cледствено на ова исклучително е битнa правилнaта заштита, начинот на инсталирање, квалитетот на ќерамидите и останатите дополнителни елементи на покривот. Само вака би добиле комплетно системско решение на покрив со максимална заштита, соодветна вентилација и енергетска ефикасност!

Безбеден објект и здрава клима во внатрешниот простор

Висококвалитетната глинеста ќерамида ги исполнува потребните барања за безбеден дом. Глинестата ќерамида, покрај тоа што е направена исклучиво од природни материјали и ги исполнува највисоките стандарди во градежништвото, исто така таа е и еколошка и може да се рециклира. Живеењето во еден ваков објект е исклучително здрав токму поради тоа што глината е природен материјал кој не содржи елементи кои го загрозуваат здравјето.

Покривот е изработен од квалитетни глинести ќерамиди кои се одличен звучен изолатор. Многу важно е правилното инсталирање на останатите дополнителни елементи на покривот кои додаваат во безбедноста и во продолжување на издржливоста на покривот.

Системски решенија за долготраен покрив

Животниот век на Tondach е над 100 години и покрај изложеноста на високи температури бојата не бледне, отпорна е на топлина, студ, дожд и невреме.

Комплетната заштита на покривот се постигнува со инсталирање на системските решенија Tondach кои се состојат од решенија за вентилација на покривот, заштита од снег, решенија за добра изолација, заштита на покривот од вода, секундарни решенија на покривот, системи за заштита од ветер и сл.

Добро е да го реновирате покривот барем еднаш на секои 30 години, заштедата во овој процес не треба да биде опција. Поставете ги сите потребни елементи на покривот, така што нема повторно да го реновирате и да ги решавате  проблемите кои би биле предизвикани од недоволно обезбедениот покрив.

Ќерамидите од Tondach, како и додатоците, се оптимално решение за сите типови покриви, истите се подеднакво импресивни и за обновата на традиционалните згради, како и за реализацијата на смели концепти на модерната архитектура.

Едноставна инсталација, долгогодишен квалитет

Tondach ги комбинира најдобрите карактеристики од квалитетни традиционални материјали и модерна технологија на производство. Благодарение на големите формати на ќерамидите, покривањето на покривот оди екстремно брзо и е потребно помалку материјал за да се направи подконструкцијата – ова значи и заштеда.

Квалитетен покрив значи висококвалитетна конструкција, но и квалитетно покривање на истата. Добро извршената конструкција на покрив ги намалува трошоците за електрична енергија, го зголемува квалитетот и вредноста на еден објект. Покрај конструкцијата важно е и да постои квалитетен секундарен покрив, кој значително би ја штител внатрешноста на зградата од несакани протекувања на вода кои можат да настанат од различни причини, како што е екстремен ветар, голема количина на снег што се топи, посилен град, екстремен дожд и сл. Паропропусните фолии Tondach се идеално решение за заштита на кровната конструкција, тие се водоотпорни на горната страна и паропропустливи на долната страна, што спречува кондензација на пареа и мувла како и гниење на кровната конструкција, што може да биде исклучително опасно за стабилноста на целиот покрив. Покривните фолии се отпорни на УВ зрачење и обезбедуваат максимална безбедност и економичност. Со системските решенија на Tondach вашиот дом едноставно дише. Токму поради тоа, глинените ќерамиди се неспоредливо подобри од другите. Со каналите за проветрување се овозможува струење на воздухот од стреата кон билото, што е неопходно за сушење на надворешниот дел од покривот и за постојаност на температурата.

Искористете го калкулаторот за бесплатна пресметка на потребниот материјал за вашиот покрив:

  • Едноводен Tondach покрив
  • Двоводен Tondach покрив
  • Покрив во L форма
  • Четириводен Tondach покрив

Санирајте го навреме Вашиот покрив и спремни дочекајте ја сезоната на дожд и снегови.

Колку порано -Толку Подобро!

Вашиот покрив нека биде привлечен за окото на секој минувач. Tondach ќе ви овозможи да имате безбеден, долготраен и убав покрив со кој ќе се гордеете.

Бидете спокојни за квалитетот, имате гаранција од 33 години.

Идните генерации ќе ви бидат благодарни!

Wienerberger

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing