• Направете пресметка на дневната светлина во вашето поткровје со помош на само неколку кликови!

Бесплатна визуелизација на дневната светлина во вашето поткровје.

Честопати се прашувате како да направите некои промени во просторот во кој живеете. Што ако Ви кажеме и ако Ве советуваме дека со внесувањето на  доволно светлина, вашиот простор би изгледа сосема поинаков?

Бидејќи повеќето од нас поминуваат поголем дел од времето во затворен простор, важно е да се обезбеди што е можно повеќе дневна светлина во домот. Природната, дневна светлина има голем број придобивки за нашето здравје и затоа е многу важно да бидеме изложени на таков вид на светлина што е можно повеќе.

Кровните прозорци  обезбедуваат двојно повеќе природна светлина од вертикалните прозорци со иста големина, со што значително ја подобруваат осветленоста на просторијата.

Исто така, кровните прозорци овозможуваат природната светлина да достигне и во темните простории. Додавање на мебел со посветла боја како и користење на светла нијанса на боја на sидовите, украсување на ентериерот во светла боја може да помогне  и да придонесе во тоа да се рефлектира природната светлина од вашите кровни прозорци.

Кога класичните прозорци не се доволни, прозорецот за рамен кров може да биде добро решение за светлина, бидејќи ќе обезбеди доволно природна светлина, преку тоа  што ќе донесе живот во централниот дел на просторијата. Обезбедувањето на доволно простор помеѓу мебелот ќе создаде дополнителен простор за ширење на светлината.

Дали се прашувате како во вашето поткровје да обезбедите повеќе светлина?

Количината на потребна природна светлина зависи од големината на просторијата. Кога станува збор за односот помеѓу подната површина и количината на дневна светлина, препораката на VELUX е дека стаклената површина на прозорецот треба да е  најмалку 10% од површината на подот.

Сепак, врз основа на скица од вашата поткровна просторија, ќе имате точна проценка за тоа колку е оптималната количина на светлина, како и кој вид на прозорецот би бил најдобро решение за поздрав живот?

Компанијата VELUX Ви  претставува услуга на БЕСПЛАТНА визуелизација на дневната светлина во вашето поткровје. За сите вас кои планирате да го реновирате вашето поткровје, да купите куќа со поткровје или стан со поткровје, ова е одлична можност да имате јасен поглед за тоа како вашата соба може да изгледа со помош на кровни прозорци и внесување на дневна светлина.

Сето ова можете да го добиете на вашата е-пошта и да ги зачувате информациите доколку планирате да реновирате во следниот период.

Процесот на аплицирање е едноставен. Сè што треба да направите е да го пополните формуларот со вашите податоци на веб-страницата, а експертите на VELUX ќе Ве контактираат во рок од 5 работни дена за скицата на просторот кој го имате како и други  потребните детали околу просторот.

Значи, потребните елементи за пресметка на количината на дневна светлина се:

  • Рачно слободна скица на просторијата / станот / поткровјето во основа
    • Точни димензии кои ќе бидат внесени во скицата
  • Рачно слободна скица на  просторијата / станот / поткровјето во вертикален пресек
    • Точни димензии на висината на косината, поткровјето и гребенот
    • Доколку постојат фасадни прозорци и / или кровни прозорци
      • димензии на прозорецот (висина и ширина)
      • позиција на прозорецот
        • парапет (висина од подот до прозорецот)
        • растојание од sидот
      • Вид на кровот (рамен, едноводен, двоводен)
      • Нагиб на кровот  – Преземете ја апликацијата VELUX Roof Pitch за уредите со Android и iOS
  • Ориентација на објектот (внесете ја стрелката која што означува север на скицата)
  • Град / место каде се наоѓа објектот

Откако експертите на VELUX ќе ги добијат сите податоци, следниот чекор е да ги обработат истите и да направат скица со предлог за инсталација на кровни прозорци со помош на програмата VELUX Daylight Visualizer.

Покрај скиците, ќе добиете и детални пресметки за факторот на дневна светлина од доставените скици. Можете да ги добиете сите информации и пресметки преку е-пошта или повик, но за тоа ќе се консултирате и ќе се информирате со вашиот консултант.

Доколку вашата просторија е неправилно обликувана, Daylight Visualizer Визуелизаторот на дневната светлина, поради ограничувањето, ќе мора да се сведе на  правоаголна форма за полесно објаснување.

* Ви напоменуваме дека овој тип на  визуелизацијата е од информативна и советодавна природа и дека можноста за инсталирање на планираниот прозорец треба да се провери на лице место. Бесплатна консултација со кликнување овде!

Ја чекаме  вашата апликација! 😊

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing