• Направете го своето поткровје со сите 5 сетила

Сите се слагаме дека местото каде живееме, освен што претставува за заштита од надворешни услови, истовремено не стимулира и придонесува за нашите чувства и сетила. Сигурно ви се случило дек сте биле под стрес поради нередот во куќата. Тогаш ги дигате ракавите , се фаќате за работа и вашата анксиозност престанува. Тоа значи дека нашето опкружување влијае на тоа што сме и што чувствуваме.

Нашиот дом е само “наше место под небесната капа” каде сакаме да се чувствуваме сигурно, и затоа, состојбата во која тој се наоѓа има големо влијание на нашиот секојдневниот живот и нашето расположение.

Ако ова го имаме во предвид, уредувањето е важна тема. Затоа треба да ги вклучиме сите сетила, бидејќи го чувствуваме својот дом со сите сетила.

1. Сетило за вид: значение на светлината

Очигледно е дека видот се најмногу се поврзува со естетиката. Но, да не забораваме нешто што е од суштинско значение: невозможно е нешто да видиме доколку нема светлина. Сега ќе помислите дека ја откривме дупката на саксијата, но сакаме да каќеме дека не е битно колку бои сте одбрале на sидовите или каква боја ви е гарнитурата за седење доколку имата лошо осветлување. За среќа , станарите во поткровја немаат ваков проблем, и сакаме да истакнеме колку сме благословени што, при уредувањето, можеме да сметаме на овој битен фактор. Значи, куќа во која нема доволно светлина има ниско ниво на енергија, и во тој дом потребно е да влезе сончева светлина. Таа не е само природна ( еколошка! ) туку сонцето ја има таа сила да ни го поправи расположението и да не наполни со енергија.

Станарите во поткровје, кои од било кои причини не уживаат во светол простор, секако мораат да дадат приоритет на осветлувањето.

Кога ќе избирате вештачко , секако изберете топло светло за одмор, а студено во просторот за учење и општа ментална активност.

2. Сетила за допир: текстура

Допирот е прво сетило кое се развива. Бебето ја чувствува раката на мајката и нејзиното галење и низ допир го остварува контактот со светот и пред да ги отвори очите. Ова покажува колку е важно ова сетило , па затоа искористете го за декорацуја на просторот во кој живеете при изборот на текстури. На пример , меко ќебе на вашиот кревет ќе направи да се чувствувате поријатно , и лесно да се опуштите и потонете во сон . Истото се однесува и за тепихот, топол и нежен кога газиме по него. Со еден збор , текстурата и материјалите во домот треба да се меки. Можеби нивниот ефект не е толку очигледен , но тие дефинитивни придонесувват за соадавање на опуштена атмосвера .
Секако дека полесно е да замислиш отколку да реализираш , особено кога парите се проблем, но барем може да одберете нежни пешкири или крпи кои секојдневно ги допирате.

3. Сетило за слух: музила и бел шум

Дали мекогаби мекогаш ви се случило да седите дома , работите во тишина, и одеднаш забележите колку звучно загадување доаѓа однадвор. : комшиите викаат, се слушаат авомобили по улиците, птиците слетуваат по лимени кровови и клукаат како по глава да ви клукаат. Најдобар начин ова да го решите е добра изолација на поткровјето, а штоо се однесува до декорација на ентериерот, препорачуваме да ја “украсите” куќата со убава музика. Едноставно: изберете музика која во тој момент најмногу ви одговара, пуштете ја доволно силно колку ви одговара , се разбира да не пречи на ополината , и работата е решана. Доколку сте од оние што саккат да се изолираат, а музиката ви пречи на концентрацијата , еве еден мал трик: бел шум. Тоа е константна и еднолична бучава со кој ќе се изолирате од светот и посветите на активностите .

Доколку баш сега сакате да пробате, повелете, пардон само копирајте го линкот:  https://youtu.be/pt AuQcrviWk

4. Сетило за мирис: дајте му на домот посебен мирис

Дали некогаш ви се случило да го почувствувате мирисот на нечив капут, блуза, шал , и да помислите како тие алишта мирисаат исто како што мириса куќата на особата што ги носи. Сите куќи имаат свој специфичен мирис, само некој повеќе се чувствуваат. Вие не го забележувате мирисот на домот бидејќи во него живеете. Кога нема да бидете дома некое време, на годишен одмор или подолго патување, и кога ќе се вратите ведаш ќе го почувствувате. Чувството за мирис најмногу се поврзува со емоциите и сеќавањето ( потсетете се како некој парфем веднаш ве асоцира на некоја случка во животот ) искористете го во своја полза и одберете како сакате да мириса вашиот дом. Така вашата куќа ќе биде поврзана со вашиот нос , и да се чувствувате прекрасно секој пат кога ќе дојдете дома.

5. Сетило за вкус: запоставено сетило

Доколку сега ве прашаме “Каков е вкусот на вашиот дом”?….Што ќе кажете?

Во прв момент сите ќе помислиме дека е невозможно куќата да се декорира со чувството за вкус , но кога ќе помислиме, ова сетило е во севкупниот впечаток на домот. Секако дека е во блиска врска со кујната и тоа што во неа се готви. Мирисот може да биде на кафе, колачиња, или пита со јаболко или сирење. Кога е во прашање сетилото за вкус, автоматски се вклучува и носот ( тие две сетила се директно поврзани ) , но пред се ,сетилото за вкус е во врска со јадењето , кое прави да се чувствувате како дома.

Не е чудо што чувствуваме нежна носталгија секогаш кога подготвуваме некое јадење по рецептот на мама, нели?

Извор: Bioguia

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing