• Мали трикови за разладување и затемнување на поткровјето

Како да ја регулирате температурата во поткровјето? Колку ни пречи кога во просторијата е жешко? Дали е подобро да спиеме во затемнета и сончева просторија?

Денес со вас ќе споделиме неколку интересни факти, до кои дојде VELUX низ долгогодишно истражување за подобрување на квалитетот на живеење во поткровјата.

Дали знаевте дека ако ги спуштите ролетните во текот на денот, го избегнувате прегревањето на собата?

Наш совет е да одберете производ кој обезбедува потполна контрола врз внатрешната клима, без разлика дали во лето е потребно затемнување или изолација во зима. Надворешните ролетни го намалуваат загревањето до 94%, а ја подобруваат изолацијата од студ во зима и до 17%. Тие овозможуваат потполно затемнување и редукција на бучава, а цврстиот алуминиум од кој се направени е добра заштита од провала и кражби.

Дали сте знаеле дека големата жештина во просторијата може лошо да влијае на сонот? Поради жештина телото потешко и поспоро се одмара и опушта.

Колку пати ви се случило да сакате да ја проветрите просторијата и да отворите прозор, но веднаш да се покаете бидејќи надворешниот воздух е премногу загреан. Поради тоа препорачуваме да поставите надворешна мрежичка, која дозволува проток на свеж воздух, без загревање и затемнување.

Таа ја намалува топлината за 76%, а дозволува проток на свеж воздух. Најмногу ќе ви се допадне ефектот на сунцобран, бидејќи мрежичката не затемнува, туку ја пропушта светлината ни просторијата. Овој производ заштедува и енергија, па потребата за клима уред е намалена.

Надворешната мрежичка е отпорна на дожд и ветер, и во зима можете да ја спакувате, со што ќе и го продолжите векот на траење.

Дали сте знаеле дека потполна темница во вашата спална соба му помага на телото целосно да се освежи додека спиете?

VELUX има неколку модели внатрешни ролетни, со кои може да се контролира количеството светлина во вашето поткровје во тек на летните денови.

Најбараните модели се од Siesta програмата, која гарантира потполно затемнување со својот светлонепропусен дизајн.

И овој пат не ги заборавивме најмладите. Кој не ги сакал на сабајле од прозор да му мавнат Ана и Елза? Вашите малечки ќе ги израдуваат ликовите и темите од цртаните филмови на ролетните од специјалната Disney колекција.

За оние кои во просторот сакаат игра на сенки, тука се Duo ролетните, со две функции во една – затемнување со Siesta ролетните и подесување на количеството светлина со плисираните ролетни.

Од оваа програма може да изберете неколку бои и дезени од каталогот, а плисираните ролетни се во бела боја.

Доколку сакате само плисирани ролетни, изберете една од декоративните дезени, кој на вашиот дом, со флексибилно позиционирање ќе му даде елеганција.

Термо ролетните овозможуваат поголема удобност во студените ноќи, поради структурата на “пчелино саќе” со внатрешен алуминиумски слој, и затемнуваат до 98%.

Во понудата има венецијан, внатрешни ролетни со водилки, ролетни за намалување на светлината, како и оние за прилагодување на светлината.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing