Очите ве чешаат, кивате, уморни сте, грлото ве гребе кашлате, алергични, имате мака со респираторните органи или можеби и срце? Влијание на лошиот воздух во нашите домови, школи и на работни места врз нашето здравје е се почеста здравствена тема низ светот.
Квалитетен внатрешен воздух во зградите е од непроцениво значение за нашето здравје .
“Концентрација на одредени загадувачи во просториите знае да биде и два до пет пати поголема од надвор”, проценка на Американската агенција за заштита на животната средина. Агенцијата наведува дека децата, старите и болни лица со кардиоваскуларни и проблеми со органите за дишење, се особено осетливи на загадениот воздух бидејќи повеќе време поминуваат внатре.
Нажалост, изгледа дека сите не знаејќи станавме Генерација зад затворени врати ( THE INDOOR GENERATION ), судејки по студијата спроведена кај 16.00 луѓево 14 држави низ Европа и Северна Америка. Резултатите од студијата покажуваат дека 62% испитаници мислат дека помалку од 18 саати поминуваат внатре, но реалноста е дека поминуваме внатре дури 90% од времето, или 22 часа дневно. Деталите од студијата погледајте ги на : https://www.velux.com/indoorgeneration
Во извештaјот кој го подготвила агенцијата за анализа на податоци YouGov и VELUX, Rasel Foster, директорот на Nafild лабораторијата во Oksford вели : ” Од 1800 год кога 90% луѓе работеле на отворено, дојдовме до помалку од 20% во 2000 год . Од врста која престојува на отворено, станавме суштества кои времето го поминуваме во задушливи, темни пештери.”
Негативното влијание е огромно. Во новиот извештај на иницијативата ” Buildings 2030 “се вели дека лошиот внатрешен воздух влијае на ниското ниво на продуктивност, зголемено отсуство од работа поради болести, како и намалено внимание во училниците. Најмногу загрижуваат бројките кои ги објави Светската здраствена организација, кој открива дека 3,8 млиони луѓе годишно предвреме умира поради болести предизвикани од загаден внатрешен воздух, како што се воспаление на дробовите, мозочен удар или срцеви болести.
Новиот извештај на Светскиот сојуз за зелена градба Doing Right By Planet and People, од април 2018 објавува : ” Најголем економски бенефит се остварува кога за влијание на околината и луѓето се размислува заедно, од самиот почеток на проектирање на зградата, и тоа низ јасно дефинирани цели како што е подобрување на квалитетот на внатрешниот воздух , кој нема да ја загрози енергетската ефикасност. Вработените најмногу сакаат да работат и се најпродуктивни во простории со природна светлина, квалитетен воздух и зеленило”.
Сега кога знаеме за проблемот со квалитетот на внатрешниот воздух, дали нешто правиме во врска со тоа?
Многу земји ширум свет како Германија, Француска, Белгија, Италија воведуваат строги регулативи во врска со испарливи органски содиненија (VOC), а Системите за сертификација на зелени згради – BREEM, LEED, WELL и DGNB – ставаат акцент на квалитет на внатрешниот воздух повеќе од било кога. Порано DGNB системот за сертификација на зелени згради го препознаваше Eurofins Indoor Air Comfor Gold како единствен сертификат од овој вид кој еден систем на сертификација го прифаќа.
Vanson Brijar, директор за одржливост и регионални работи во Кnauf Insulation , во една прилика изјави ” На сите ни е јасно какво влијание на луѓето има живот во затворен простор – затоа е важно здравјето и комфор на становите и жителите на згради да биде во центар на сите наши активности “.
Изолацијата може значително да придонесе во здравјето и удобност во зградите. Ова е тема на која и посветивме доволно внимание во нашите предходни извештаи за одржливост – овде. Изолацијата може да спречи евентуални болести или смрт, предизвикани од студ, го намалува загадувањето од бучава ја намалува потребата за фосилни горива и индиректно има влијание на намалување на концентрацијата на надворешните загадувачи на воздух.
УСПЕХ НА ECOSE ТЕХНОЛОГИЈА EUROFINS И DGNB
Knauf Insulation е прва компанија што произвела своја минерална волна со ECOSE технологија и без дополнителни формалдехиди, и за неа доби Eurofins Indor Air Comfort Gold сертификат.
Сега DGNB – германски систем за проценка на одржливост на зградите – го призна Eurofins како единствен сертификат кој во иднина ќе го признава.
Насоките на новата DGNB верзија за 2018, кажуваат дека квалитетот на внатрешниот воздух представува ” фактор се или ништо ” , а барањата за намалување на формалдехид се построги, со што DGNB станува најстрог сертифициран систем во светот.
Indoor Air Comfort Gold се смета за најсеопфатен европски сертификат кој ги потврдува ниските емисии на испарливи органски соедоненија (VOS ). Сертфикатот Eurofins ги комбинира сите европски регулативи и голем број доброволни сертификати за емисии VOS, Како и барања за VOS за LEED, WELL, BREEAM, а сега и за DGNB.
*THE INDOOR GENERATION И VELUX се заштитени робни марки во сопственост на VELUX група.