• Кој е најдобар систем за опшивка на оџаци?

Времето кога оџаците ги опшивавме со лим е зад нас. Tondach кровните системи се уште еден инивативен, модерен и лесен систем – Koraflex системи за опшивање на оџаците.

Tondach систем за опшивка на оџаци како дел од Tondach кровните системи

Во компанијата Wienerberger постојано се работи на иновации. На кровот се гледа како на една целина а системите кои овозможуваат доготрајност и стабилност на кровот ја олеснуваат и забрзуваат градбата.  Поради се повисоките архитектонски критериуми, желбите и идеите на инвеститорите, големо значение се дава и на визуелниот идентитет на кровот, а не само на функционалност.

Мотивирани од ваквиот однос кон кровните конструкции, инженерите во компанијата Wienerberger развиваат многубројни функционални кровни  решенија како би се задоволиле сите барања и високи стандарди во градежништвото.

Освен оригиналните системи за градба на квалитетна кровна подконструкција, акцент се става на квалитетно поставување на систем за заштита од снег, невреме, а во последно време се поактуелни, системи за опшивка на оџаци.

Koraflex и Koraflex plus – иднина во опшивање на оџаци

 

Tondach системите за опшивање на оџаците имаат единствена цел, квалитетно и сигурно опшивање на оџаците. Со Koraflex Plus траката за опшивање, оџаците се апсолутно заштитени од несакан продор на дожд, снег и нечистотија во поткровен простор, а исто така добивате една визуелно убава целина бидејќи траките се во неколку нијанси кои идеално се слагаат со вашите Tondach ќерамиди.

Оваа високо флексибилна трака за sид и оџак е исклучително издржлива, идеална за секакви временски услови, отпорна на UV зраци и може да се рециклира.

Со оглед дека од долната страна е обложена со бутил лепило, лесно и трајно се прицврстува за површината на Tondach глинените ќерамиди. Поради својот фактор на еластичност и истегнување, оптимално се соединува со Tondach ќерамидите. Со Koraflex Plus траката опшивање на оџаците ќе биде завршено 50% побрзо бидејќи се поставува брзо и едноставно.

Кornflex системот за опшивка содржи и завршна лајсна која ќе го дополни визуелно и функционално.

Зошто Koraflex Plus?

  • Се поставува преку ќерамидите и заштитува од продор на дожд и снег во поткровен простор (за разлика од лимот кој се става под ќерамидите)
  • Отпорна е на UV зраци
  • Едноставна е за поставување и не бара специјализирани изведувачи
  • Долготрајна е и отпорна на атмосверски влијанија
  • Отпорна е на пукање
  • Визуелно се софпаѓа со кровната површина
  • Пријател е на животната средина
  • Дел е од врвниот оригинален Tondach кровниот систем

Доколку планирата градба или сте во фаза на реновирање или градба на кров, внимавајте да решението кое сте го избрале биде врвни и да обезбеди помалку грижи и проблеми во иднина. Tondach системските решенија за кров се модерни и функционални и вистински избор! Не дозволувајте компромис, само ОРИГИНАЛОТ е доволно квалитетен!

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing