• Како заштедата да не биде само убав збор во секојдневен муабет

Ние секојдневно зборуваме за заштеда. Од семејни, деловни разговори, но и кога молчиме, медиумите не бомбардираат со тој поим. И покрај толку приказни, ни се промакнува најдостапен начин за долгорочна заштеда многу поголема отколку сме планирале.

Најважно е да разбереме дека топлотната енергија најмногу ни бега низ фасадата и надворешните sидови, кровот, прозорите и подот. Со добра изолација, енергетските трошоци во вашиот дом ќе бидат намалени, што ќе почувствувате кога ќе дојде грејната сезона, која обично е виновник за високите сметки. Всушност не е виновна сезоната, тука нашата неподготвеност да ја дочекаме. За да не дојде до ова, ајде денес да го прегледаме поткровјето и да видиме што ќе се добие со добра изолација, колку ќе се намали потрошувачката на енергијата, и максимално искористат потенцијалите на просторот како и зачувувањето на животната средина.

Кров

Еден од главните виновници што топлината во зима бега од куќата е кровот. Крововите со топлотна заштита ја зголемуваат температурата на кровот за 6 до 8 Целзиусови степени, што значи поголема температура во просторот, помалку греење на истиот и помали сметки. Освен тоа, плочите кои се користат за изолација, минимално ја зголемуваат дебелината на кровот, а ја зголемуваат отпорноста на влага, топлотната и звучната изолација.

Ќерамидите Tondach не пропуштаат вода и имаат висок степен на издржливост на мраз.   Објектите кои се покриени со ќерамидите Tondach, имаат годишна заштеда на енергетските трошоци и до 20%. Затоа време е реално да заштедите и да ја зачувате топлината во вашето поткровје преку зимскиот период и одбере ќерамиди соодветни на вашите потреби и вкусови. Повеќе информации на следниот линк.

Фасада и надворешни sидови

Доколку имате адекватна топлотна изолација на фасадните sидови, топлината зима ќе се задржи во вашиот дом, а во лето ќе се намали, односно куќата ќе биде постудена. Освен тоа добрата изолација ќе ја заштити куќата од влага. Оваа информација мораме да ја имаме на ум, бидејќи 30% од енергијата поминува низ надворешните и фасадата. Колку подолема дебелината на таа изолација, толку е поголема заштедата на енергијата, што значи дека изолацијата на надворешните sидови е паметна и долгорочна инвестиција која може да ја направите.

Под

Доколку сте решиле паметно да ја искористите енергијата во поткровјето, добро е да знаете дека изолацијата е неопходен чекор за остварување на таа цел. Секако потребно е да се подсетиме и на трошоците, како што е декорација на подот со теписи кои во зима ја одржуваат топлината а во лето е пожелно да се одстранат и да се намали температурата на амбиентот. Добро изолиран под исто така ќе ја зголеми звучната изолација.

Врата и прозори

Можеби не знаевте, па со вас ќе ја споделиме оваа битна информација: приближно 20% енергија “истекува” низ врати и прозори, а кога во прашање е поткровје, тој процент неможе да се мери бидејќи лошиот квалитет носи други компликации кои директно немаат врска со топлината, но имаат врска со други проблеми кои секако ја крадат енергијата – и топлотна и животна (само ќе го спомнеме зборот прокиснување).

Квалитетни и добро вградени прозори ќе помогнат да топлината подолго да се задржи во куќата, без разлика колкава е – во зима повисока, во лето пониска. Доколку ги земете во обзир сите овие фактори кои влијаат на секој дел од вашата куќа, генерално, адекватната изолација во поткровјето може да ја намали потрошувачката на енергијата помеѓу 20% и 50% годишно, што директно ќе се рефлектира на намалената сметка за електрична енергија. Со други зборови можна е заштеда на пола од тоа што сега го трошите, секако под услов адекватно да ја спроведете изолацијата.

Ако ги земеме овие бројки како показател, ќе констатираме дека вложувања во добра изолација, несомнено вреди, освен што имата лична корист, добра изолација и заштеда на енергија, придонесувате и за здрава и чиста животна средина.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing