• Како до совршена кошулка во неколку чекори

Како до совршена кошулка во неколку чекори

Како и обично, Knauf и овој пат има иновативно решение за завршни градежни работи. Ви представуваме неколку едноставни чекори како правилно да го изведете рамниот слој – кошулица без употребување на машина.

Освен сува испуна и цемент Estrih 2o, Knauf ви го представува течниот слој за порамнување FE50 Largo.Овој прашкаст материјал е во пакување од 40 кг.

Бидејќи се работи за гипсан материјал , ограничен е за внатрешна употреба.

FE 50 Largo првично беше наменет за машинска употреба, но овој материјал си го најде местото и во рачна апликација, и тоа особено на местата каде употребување на машина не е можно, како и во простории каде употребата на песок и цемент не е соодветна. FE 50 Largo е идеален за адаптација на станови, куќи и деловни простории кои имаат подно греење, како и кај лебдечки, врзувачки и кошулици со разделен слој.

Пред да почнете со излевање на FE 50 Largo , потребно е да извршите некои подготвителни работи

  • поставување на разделна трака ( во сите четри области на примена )
  • нанесување на Estrih грунд ( врзувачка кошулица )
  • Поставување на фолија ( кошулица на разделен слој )
  • Поставање на дилетација ( во сите 4 делови на применување )

Подготовката е неопходен дел пред лиење на Estrih. Цевките од подно греење, дилатационите лајсни , разделни траки и фолии на разделниот слој,  мора убаво да се прицврстени, како не би дошло до подливање на материјалот , а со самото тоа до нарушување на формата во естетска и конструктивна смисла.

За да добиеме кошулица кој не одстапува во хоризонтала, потребно е да се употребуваат нивелири.

Нивелирите се користат да добиеме рамномерен слој на наливниот материјал. Потребно е да се нанесе одредена дебелина од материјалот и таа треба да изнесува :

  • Врзивна кошулица, дебелина >25mm
  • Кошулица со разделен слој, дебелина > 30мм
  • Лебдечка кошулица, дебелина 35мм
  • Кошулица со подно греење, дебелина > 35мм над цевките.

Кога се е подготвено и обезбедено може да се почне со мешање на материјали.

За една вреќа од 40 кг потребно е 5,5 -6 л чиста вода. Многу е битно да се користи исто количество вода за да нема проблеми околу порамнувањето и сегрегација на материјалот.

Наливниот материја треба правилно да се распореди према реперните нивелири.

По излевање на материјалот треба да се одстранат нивелирите поради завршното порамнување на материјалот за кое ви е потребен алат прикажан на сликата.

Време на обработка на материјалот е 1 час.

Лиењето не смее да се прекинува, како би се постигнал саканиот ефект.

Доколку правилно е применето лиењето, крајниот резултат може да се види на следната фотографија.

Времето на сушење на кошулицата дебела 35мм изнесува 3-6 недели во зависност од температурните услови. FE 50 Largo со подно греење , подготвен е за поставување на подни  облоги кога влажност ќе биде  < 0,3% за сите видови облоги.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing