• Како до прекрасен поглед од поткровје?

Балконски прозор, кровен прозор, тераса… Има многу решенија доколку сакате да го отворите своето поткровје кон надворешниот свет и да уживате во погледот од висина.

Сакате да го преуредите стариот таван и да добиете дополнителен простор под кровот? Одлична идеја! Размислете з решенија кои би ви обезбедиле уживање во глетката од поткровјето.

Некој од нашите омилени ќе ви ги покажеме ….

Прозор кој станува балкон

Замислете ја глетката од 180° која се простира од вашето поткровје! Тоа е можно со кровните прозори кои се адаптираат во балкон.

VELUX Cабрио (Cabrio) е вистинско решение за сите кои сонуваат за балкон под кос кров. Горниот дел на прозорот се отвара на горе, долниот станува мал балкон и во 2 потега персепцијата за вашиот простор се менува.

Просторот делува поголем и внесува чувство као да сте надвор.

Комбинација на кровни прозори со вертикални елементи

Комбинирајте ги вашите кровни прозори со вертикални елементи и максимално искористете ја единствената можност која ви ја пружа животот под косиот кров.

Вертикалните елементи се идеални за поткровја со висок парапетен sид и даваат поголема дневна светлина.

VELUX комби решенија – повеќе природна светлина за вашиот дом

Дали сакате едноставно решение?

Комбинацијата која максимално го отвара поткровјето кон надворешниот свет и дава оригинален печат на вашето поткровје. VELUX комбинацијата нема да ве разочара. Можностите за комбинации се големи, без разлика дали се работи за вертикални или коси елементи.

Дневната соба, кој е и центар за панорамски поглед кон околината. Дали сакате сами или заедно со гостите да уживате.

Кровни куќички

Дали ви треба дополнителен корисен простор во поткровјето? Традиционалната баџа не овозможува доволно светлина и дава впечаток на тунел кој од собата води кон прозорот.

VELUX кровната куќичка е иновативна алтернатива на традиционални баџи – кровните прозори ги издига над кровната рамнина ја зголемува корисната површина и овозможува светла и пријатна атмосвера.

Најголем дел од своето време го поминуваме во затворен простор кој најчесто нема доволно светлина, но и свеж воздух. Доколку живеете во град, можеби не сте знаеле, воздухот во станот може да биде позагаден од надворешниот воздух.

Затоа, одберете решение кое ќе ви овозможи доволно дневна светлина и свеж воздух – тоа ќе биде добра инвестиција за вашето здравје и комфор.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing