• Како да направиме добар избор на бои за бојадисување

Еве доаѓа лето, а со него и летување, разни активности, кратки викенд патувања, брзи овошни диети… и бојадисување.

Затоа и го напишавме овој блог . Не за да ја поделиме со вас најновата летна диета, туку на станарите во поткровја да им помогнеме во донесување на правилна одлука кога за бојадисување на станот ќе дојде време.

Наместо готов резултат, овој пат со вас ќе поделиме информации како да се изберат бои и како да се комбинираат и прилагодат на просторот со кој располагаме

Интензивни бои

Кога сакаме да постигнеме поинаква атмосфера во нашиот дом, често посакуваме да бојадисуваме нешто поразлично. И тогаш избираме интензивни и силни бои. Тоа во глобала е мудар избор, но сепак за да резултатот биде задоволителен, мора да имаме во предвид неколку фактора, инаку во спротивно може да го упропастиме просторот и од домот да направиме студено, па дури и мачно место за живеење. Затоа запомнете : доколку не се добро искомбинирани или немаат соодветно опкружување да ја исполнат својата сила а да не ве “преплават” , интензивните био може да предизвикаат спротивен ефект на оно кој го посакуваме.

Еден од факторите кој треба да ги почитуваме е дека повеќе sидови со интензивни бои во една просторија не треба да има. Ова правила важат за сите домови , а со оглед на косините во поткровјата мор да се внимава на хармонија во односот. Затоа препорачуваме еден sид да бојадисувате со интензивна боја  во комбинација со декоративни елементи, а останатите sидови со смирени бои, нежни тонови од иста палета како интензивната, или неутрални бои кои добро се комбинираат со неа.

Уште еден фактор треба да се земе во предвид, а тоа е мебелот, бидејќи доколку не сакaме да го менуваме, тогаш ќе одбереме боја која одговара на боите на мебелот.

На крај сакаме да напоменеме дека интензивните бои одлично изгледаат во голени простори, а за мали простори се препорачуваат пастелни и неутрални бои.

Неутрални бои

Помеѓу неутралните бои ќе ги најдете белата, црната, и голем спектар на  сиви, беж и некои крем нијанси.

Овие бои носат елеганција и хармонија и се комбинираат скоро со сите останати бои.

Белата, црната и сивата се бои кои, доколку знаеме добро да ги искомбинираме, ќе создадат елегантен, софистициран и модерен простор. Доколку се решите за црно – бела комбинација, препорачуваме помеѓу нив да вметнете сива како посредник , а и да го избегнете тој контраст. Токму сивата на просторот ќе му даде дополнителен елегантен сјај и метален ефект, но треба да знаете каде е границата помеѓу елеганцијата и студенилото во просторот.

Сакаме да нагласиме дека темните бои не се во добар однос со мали простории, и без разлика на светлината која ја има доволно, црната и темните нијанси на сивата можат визуелно да го намалат просторот.

Пастелни бои

Овие бои се идеални за бојадисување мали простории. Тие создават ефект на удобност, пространство и осветленост, и не дозволуваат собата да изгледа помала отколку што е. Исто така пастелните бои како и неутралните  може да се комбинираат со јаки и живописни бои, и кога амбиентот тоа го дозволува, може да направат хармоничен амбиент.

Секако, ова не значи дека со овие бои не може да се бојадисуваат големи соби. Напротив! Во пространо  поткровје , пастелните бои изгледаат исто убаво како и во помали простории.

Како што веќе напоменавме, може да се комбинираат со интензивни бои, но и дека убаво изгледаат и сами. Во врска со тоа каков ефект сакате да постигнете ( смирувачки, топол, весел, енергичен ), соодветна пастелна боја , добро искомбинирана со мебелот, на поткровјето ќе му даде баш тоа што го сакате да постигнете.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing