• Е4 - Куќа на иднината

Како до Wienerberger e4 – куќа на иднината? Потребно е да се задоволат неколку критериуми за да имате современа куќа со нулта потрошувачка на енергија.

Енергија, Екологија, Економија, Емоции – Е4

Енергетската ефикасност на тулата е поради две карактеристики. Производите се од природен материјал, кој ја намалува потрошувачката на енергија во производството, а воедно се зачувуваат и природните ресурси. Овие куќи се со оптимална енергетска ефикасност и со минимални топлински загуби.

Еколошката ефикасност е темел на групацијата Wienerberger. Производите од природен материјал најмалку влијаат на околината, се грижиме за зачувување на природните извори. Енергетскиот биланс на тулата е исклучително позитивен.

Во однос на економската ефикасност трошоците за градење се мали, пред сè, поради побрзото и поедноставното изведување на работите. Овозможено е долгорочно уживање во квалитетни станбени услови.

Ваков тип на е4 куќа секогаш се изработува со многу голема страст и радост, ова е емотивната карактеристика на процесот, впрочем сите животни вредности се втемелени од самиот старт на започнување на градбата.

Е4 во Македонија?! Звучи многу возбудливо!

Постојат многу примери во Западна Европа кои ја поддржуваат соодветноста на концептот е4. Нашата земја ужива сончеви денови во поголемиот дел од годината. Ова доведува до логичен заклучок дека изградбата на куќи кои користат обновливи извори на енергија и природни градежни материјали е лесно применлива кај нас. Многу инвеститори се соочуваат со проблеми со ниско енергетско ефикасно домување – значително зголемени трошоци за греење, климатизација и одржување. Проблемот потребно е да се реши на суштински начин, преку имплементација на системи што се потпираат на решенија за одржлива животна средина и енергетска ефикасност. Би сакале е4 да прерасне во стандард и кај нас.

Предности во секој аспект:

  • Комплетна слобода и флексибилност во планирањето – според личните  желби и потреби.
  • Ниски трошоци за изградба и комунални трошоци.
  • Висока енергетска ефикасност во текот на целиот животен циклус на градбата.
  • Удобност и пријатна природна микроклима.
  • Зачувување на инвестициска вредност за идните генерации.
  • Активен придонес за заштита на животната средина.

Информирајте се, контактирајте го тимот на Wienerberger, дознајте за процесот на градба, резултатите, сите придобивки кои би ги имале со живеење во Е4 куќа!

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing