• Да му се довериме на поткровјето, си заслужува!

ЖИВОТ ПОД КОСИОТ ПОКРИВ

Многу често практиката покажува, дека кога луѓето избираат стан или кат од куќа, задолжително се информираат дали е на последен кат. Некако со времето се формирала максима дека последниот кат е несигурен. Дали поради горкото искуство од набрзина склопените панелки со рамни покриви и сомнителна хидро-изолација или пак базените кои се формираат при рамните покриви секој пат како врне, или пак поради верувањето дека покривот во принцип би бил проблем сам по себе, едно е јасно: луѓето не го сакаат горниот кат, кој ако е со коси покриви го нарекуваме поткровје. Од децении битуват неколку митови кои ни пречат да го искористиме најубавиот дел на зградата – поткровјето. Ајде набрзо да ги разбиеме.

МИТ БР.1 – ПОКРИВОТ ТЕЧЕЛ

Често ваквите наоди имаат една единствена и специфична причина – слаба изведба на структурата на покривот. Од почетокот на својот живот, Македонците имаат навика да штедат на сè од што можат да се лишат. Факт е, сепак, дека ретко нашата проценка на она што може да изгуби е најдобриот советник. Да размислиме добро: зошто на системот му се потребни некои или сите додатоци за да се нарече систем? Па многу едноставно – овој додаток е дел од една целина, во која секоја компонента има своја функција и заедно со останатите формираат симфонија од квалитет и функција, кои работат добро, само кога се правилно исполнети и во полн состав. Навидум ситeн додаток изгледа непотребен и незначителен и непознавањето на неговата точна намена и функција многу лесно може да не заблуди дека е непотребен дел од кој набрзина може да се лишиме. Често пак избираме варијанта да земеме поевтина замена од друг доставувач, што дури е  уште понеразумна опција, затоа што пак даваме пари, но не ја добиваме намената за коа сме платиле. Ова се случува затоа што често некомпатибилноста помеѓу различните системи ја компромитира соодветноста помеѓу компонентите.

Ако треба да направиме слична аналогија со автомобилите – уште една омилена тема на Македонецот, од која се разбира доста – замената на оригиналните делови во еден стар автомобил (во нашиот случај поправка на стар покрив) или штедењето на некој од нив кај нов автомобил (покрив) е гаранција за пркосење на идејата за здрав и сигурен автомобил / покрив.

Често, сепак дури и да изберете целосен комплет од системското решение, има уште една опасност – неквалитетно поставување на системот. Речиси секој од нас се сретнал барем еднаш со т.н. “Пишман-мајстор”. Осигурете се дека вашата бригада или мајстор е запознаен не само со основните принципи на поставувањето на покривот, но го познава и конкретниот систем кој го имате изберено. На пазарот веќе има доволно производители кои нудат бесплатна обука за бригадите. Извлечете максимум од оваа вредност додадена на нивниот производ!

И кога ќе ги имате и двете – комплетен покривен систем и квалитетно поставување – можете да бидете сигурни што добивате за вашите пари. И гаранцијата на производителот може да биде до 33 години.

Заклучок: Побарајте производител кој нуди системски решенија за целиот покрив, ги регуларно и бесплатно ги обучува мајсторите за покриви и гарантира квалитетот на производот за максимално долг период на време.

МИТ БР. 2 – ПОКРИВОТ БИЛ СКАП

До одреден степен, овој мит произлегува од горенаведената навика да штедиме од се и сешто. Народната поговорка дека “Евтиното чини скапо” исто така има влијание. Да, кога ќе одлучиме да поминме ефтино, тоа на крајот навистина ќе не чини. Ајде да провериме колку скапо чини една мисла брзо помината низ нашите глави:

  • “Што е толку страшно, ако одлучам да заштедам на квалитетна подпокривна фолија, па нели сите изгледаат исто!” – би помислил некој или пак: “Зошто да не заштедам некоја вентилациска ќерамида, нели сум ставил тука-онде ? “- Па одговорите се многу едноставни – ќе правите поправка на покривот по година-две, бидејќи поевтината фолија ќе изгори и буквално ќе се” разпраши “и многу наскоро покривот ќе протече, а подпокривниот простор нема да се вентилирани доволно и кондензациската влага ќе ја деформира дрвената структура.
  • “Зошто да ставам елементи за задржување на снег кога снег паѓа двапати во годината?” – Многу јасно – може и само еднаш да падне, но кога тоа се случи и не ја задржиме безбедно масата снег при нејзиното топење, во најмала рака ќе си ги испокршиме (и повторно купиме) олуците, а да не спомнуваме дека може да загрозиме и човечки живот.
  • За што ми се безбедносни куки, тоа е веќе луксуз? Порано или подоцна ќе треба да се качите на покривот (вие или мајсторот), најмалку за да проверите дали нешто не се разместило по последната бура, бидејќи потајно знаете дека сте си заштедиле и некој друг држач за фиксирање. И што се случува? Нема за што да се фатите, а покривот сѐ уште е влажен од дождот. Непотребно е да се спомене кое вреди повеќе – да дадеме неколку денари плус за безбедносни куки или да си полежиме во болницата.

И така … малите камчиња кои ја обрнуваат колата … И кога навистина се убедиме дека сепак има зошто да се разгледа целиот систем и дека со текот на времето ќе ни се исплати, решаваме да си го обезбедиме целосно. А што покажува билансот – на крајот го плаќаме целиот систем, а пред тоа сме потрошиле многу за купишта (наизглед евтини) материјали.

Заклучок: Размислете добро пред да одлучите да го “скратите” буџетот. Дали сте подготвени да вршите поправки многу брзо по вашите напори и дали сте спремни да платите двапати? Ако не сте, осигурајте си го спокојот за децении со порационална инвестиција.

МИТ БР.3 – НА ПОКРИВОТ МУ ТРЕБААТ МНОГУ ГРИЖИ

И ова е донекаде точно, особено двата горенаведени случаи – нецелосен и “македонски” систем и неквалитетно поставување. Тогаш поправката не само што ќе предизвика нови трошоци, туку исто така ќе предизвика големи грижи. Грижите се не една и две – каде да најдете (по) саглам мајстори, како да не потрошите многу повеќе, но конечно да си го обезбедите целиот покривен систем и да не го мислите повеќе, до кога ќе ги поминувате одморите во дебнење на сончеви денови во кои треба да го раскриете покривот и да го поправите, колку пати ќе треба да го правите тоа, и уште многу други неволји.

Заклучок: Сто пати мисли, еднаш покрив прави!

На крајот, јасно е дека живеењето под покрив не е толку страшно, сѐ додека размислувавме добро и навреме. И кога сме подготвени да ја прегрнеме идејата дека животот во поткровје е вреден за сите напори, ќе ги добиеме и предностите за кои веќе неколкупати сме ви раскажувале. Сето ова ќе биде надополнето со смиреноста дека сме го донеле вистинското решение и сме направиле далекусежна инвестиција за семејниот комфор за генерации нанапред.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing