Проектот мое поткровје постои скоро десет години. Досега имавме можност да видиме, во живо или преку фотографии и видеа кои ги добивавме, многу куќи и станови во кои е направена адаптација на поткровјето и поставена изолација во косиот кров. Вариации има безброј, секој пример е специфичен за себе, како што е приказна за себе и секое поткровје.

Некој има доволно и простор и пари, па ќе стави цел препорачан LDS систем (комбинација на камена и стаклена волна и две фолии), некој става една фолија и камена волна, друг става само стаклена волна…. Секој према своите потреби и тоа е сосема во ред – се додека тоа решение дава посакуван бенефит.

Имавме прилика да видиме (за среќа не често) во поткровјето како изолација да ставаат некои материјали на кои не им е таму местото – разни варијации од вештачки материјали на база на пластична маса. Некогаш тоа е по препорака од мајсторите (!), некогаш само можно решение (често не многу поефтино, колку очекувавте), а најчесто неинформираност, и на сопствениците на објектот и на мајсторите.

Без разлика која е причината, во продолжение уште еднаш ќе објасниме зошто минералната волна е единствено решение за вашето поткровје.

1.Трајно решение

Дали знаете дека во летните месеци во кровот може да се постигне температура и до 80°С (кај лимените кровови и преку 100°С)?
Камената и стаклената минерална волна се постојани материјали, чии димензии и облик не се менуваат под влијание на високи температури. Секој несоодветен материјал на вакви температури ќе почне да се топи! Доколку во својот кров имате изолација која не е минерална волна – проверете после едно топло лето дали сеуште постои.

Дополнително: минералната волна е отпорна на хемикалии и микроорганизми, а над се тие се долговечни! Колку ќе опстојува објектот, толку и тие, а потоа може да се рециклираат. Што уште може да посакате од еден градежен материјал.

2. Топлотна стабилност во лето.

Кога зборуваме за топлотна изолација, прво помислуваме на зима и изолацијата од студ. Меѓутоа, тие што живеат во неизолирано или неадекватно изолирано поткровје (види под 1), добро знаат каков “пекол” може да биде престојот во такво поткровје во лето.

Е, тука на сцена стапува камената минерална волна, која со причина ја препорачуваме за поставување помеѓу роговите. Поради поголемата густина, камената волна потешко се загрева, подолго ја чува топлината и покасно ја испушта во просторот од другите термоизолациони материјали, не дозволува прегревање на животниот простор и одржува пријатна температура.

А сега прашувате: А што е со стаклената минерална волна? – таа делува слично како и камената, само што има помала густина, па нашата прва препорака за позицијата помеѓу роговите е сепак – камена волна.

3. Подобар квалитет на воздухот

И камена и стаклена волна се минерални волни , будејќи сировините од кои се добиваат ( камен од вулканско потекло, песок и стаклен крш ), се минерали.

Дополнително : Knauf Insulation минералмите волни за поткровје се произведени во единствена и патентирана ECOSE технологија, базирана на биоразградливи материјали. Што тоа значи за вас? Оваа технологија се закити со бројни признанија низ светот, но ние сме најмногу горди на Eurofins Gold сертификат – доказ дека просторот во кои се вградени нашите минерални волни имаат висок квалитет на внатрешен воздух!

Или преведено – минералните волни со Ecose технологија немаат штетна емисија во просторот (што за жал е случај со скоро сите работи кои не опкружуваат – мебел теписи но пред се оној карактеристичен мирис на “новите работи” – всушност мирис на формалдехид, не многу пријатно испарување.)

Поради тоа кремавите минерални волни во кровот (единствено волната со ECOSE технологија има кремаста боја , бидејќи нема вештачки бои) сте сосема спокојни кога квалитетот на воздухот во просториите е во прашање.

4. Поткровјето дише

Како се чувствувате кога носите на себе алишта од памук или волна, а како кога носите синтетичка маица или кабаница? Е , баш тоа исто важи и за вашата куќа – покрај основната функција , да не ни биде ни премногу студено ни премногу топло, и алиштата мора да дишат, односно да но овозможат да дишеме.

Зошто тоа е важно за куќата?

Дали знаете дека човекот во текот на денот произведува 400 мл водена пареа – само со дишење? Помножете го тоа со бројот на членови во семејството. А каде е готвење, туширање, сушење алишта? Сета оваа вода мора негде да излезе, зар не? Доколку не излезе, влегуваме во маѓепсан круг: кондензација, влага, мувла и габи, флеки, кашлање, астма и бронхитис….

И камена и стаклена волна се влакнест и пропустлив материјал – дозволуваат да водената пареа непречено и без ризик од кондензација, излезе од просторот. Ова се однесува за волната на кровот и волната на фасада. А да, каква изолација имате на фасадата?

5. Флексибилност

Камената и стклената волна се флексибилни материјали. Ова е особено важно,, материјалот да се прилепи , вклопи и ги пополни сите празнини, нерамнини и дупки при поставување помеѓу роговите ( знаеме колку грубите работи знаат да бидат непрецизни и растојанито помеѓу роговите непрецизно ) – бидејќи секој неизолиран дел, па нека е и од 1 см – представува “ладен мост” – место каде “тече” енергијата и кон надвор и кон внатре.

Затоа камената волна обично се сече 1-2 см повеќе од ширината на роговите – кога ќе се постави во просторот помеѓу роговите убаво да се рашири и ” легне ” во тој простор и цел го исполни.

Ова е скоро неизводливо со друг вид на изолација, кој е ригиден и крут – и кога еднаш ќе се исече, тоа е тоа – неможат да се прилагодат на просторот и оставаат многубројни шуплини , не се фиксираат, односно испаѓаат од роговите при монтирање.

6. Безбедност

Камената и стаклената волна се материјал кој не гори. Што тоа практично значи : температурата на оганот , односно пожарот , е 600°С, камената волна се топи на 1000°С, а стаклената на преку 700°С , што значи ниту едната ниту другата нема да се запалат и исчезнат во случај на пожар, а со тоа нема да придонесат за проширување на пожарот.

Обично за пожарите се мисли и зборува по некоја трагедија, а со превенцијата ретко се занимаваме. Еве уште некои факти:

  • 90% од времето го минуваме во зградите
  • 90% од пожарите се случуваат во зградите
  • само 3 минути се доволни пожарот да ја зафати целата соба!
  • во првите 7 дена од 2019. година во Северна Македонија се забележани 418 пожари
  • голем број пожари се прошируваат на целиот објект преку кровната конструкција (особено во градските јадра каде обично објектите се потпрени еден на друг)
  • >50% луѓе страдаат во пожарите од задушување со отровен чад , а не од оган

Што се однесува на ова последното – камената и стаклената минерална волна не се топат, ниту емитуваат токсичен чад при пожар.

Сето погоре наведено дава доволно аргументи да размислиме убаво кога градиме или реновираме – и дали ќе користиме запаливи или незапаливи материјали, и на фасадата и на кровната конструкција.

7. Звучна заштита

За пожарите може нешто и ќе се каже, но за бучавата како сериозен загадувач и проблем во урбаните средини – скоро ништо.

Бучавата е проблем кој ги мачи сите, а со него ретко кој се занимава. Доколку го градите или го реновирате својот животен простор немојте да го заборавате овој аспект.

Камена и стаклена волна се материјали со влакнеста структура, што ги прави извонредни апсорбери на бучава, па звукот останува “заробен” помеѓу влакната и создаваат звучна заштита во средини каде има бучава.

Со минерална волна во кровните конструкции, надворешната бучава значително ќе се намали.

Како и секогаш, Моето поткровје и тим од соработници на овој проект е тука да одговори на сите ваши дилеми во врска со изолациони материјали во поткровјата.

Сакавме да ви посочиме некој најчести примери за постоечката состојба на крововите во Северна Македонија како полесно би ви било полесно да го споредите вашиот случај и одредите кој LDS систем вам ви одговара.

Изолација обично се прави еднаш во животот. Затоа направете ја како треба.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или