• Пет совети за вашето поткровје "да се усогласи" со оваа есен

Пред некој ден во автобус, во еден обичен телефонски разговор (знаете кај нас колку гласно се зборува во јавниот превоз , сите треба да слушнат ), една девојка уморно му се жали на некого : “Ми влијае оваа есен”

И вистина, есента знае да “дави”. Деновите се пократки и посиви, а студот замара. Но тоа е природа и против неа не можеме, но и не треба да се бориме. Тоа што треба да го направиме е да си помогнеме и својот простор го подготвиме и да не дозволиме есента негативно да ни влијае, напротив – најдете ги нејзините убави нешта и имајте позитивно влијание.

Затоа денес ќе споделиме неколку совети кои овој викенд можете да ги примените во своето поткровје. Не мора се одеднаш, доволно е еден до два и ќе ви се разубави и денот и расположението.

1. Разубавете го просторот со зеленило

Со други зборови внесете живот и виталност во својот простор. Ние станарите во поткровја ја имаме таа чест да живееме во простор со максимална светлина и затоа изберете некое растение кое не бара многу одржување и збогатете го домот без многу ангажирање. Ако сакате бои , изберете растение кое цвета.

2. Поставете го столот

Некој од вас ќе климне со главата и ќе рече : “Какви се овие глупости” Па тоа го правам секогаш. Но има некој кои не го украсуваат столот, освен за посебни прилики. Е, па сега е моментот од нешто што е обичен оброк, овој викенд направиме “специјална прилика”. Извадете убав чаршав, знаете оној за специјални прилики, запалете некоја украсна свеќа, купете некој поубави салвети и ….нека ве води фантазијата, декорирајте ја масата како сакате. Почувствувајте ги и тие мали работи кои прават да ви биде подобро.

3. Уфрлете нешто ново во постоечката декорација

Кој ден сме денес? Да не ја потрошивте целата плата …. Знам дека платите не ни дозволуваат да бидеме многу опуштени, но едно перниче за софата, вазна за цвеќе, чинија за овошје или било каков детал како рамка за слики, можат да бидат доволни да го разубават ликот на просторијата и да ја “поправат” оваа есен.

4. Дозволете им на миризбите да го разубават домот

Некој од нас заборава дека сетилото за мирис влијае на расположението. Тоа го забележуваме дури кога ќе почувствуваме некоја непријатна миризба, а забораваме на силата на оние пријатни, оние кои може да ни го сменат расположението а да не сме свесни за тоа. Затоа, дозволете им на миризливите стапчиња, етеричните масла или префинетиот мирис на ванила и цимет

5. Направете ред

Обично луѓето, средувањето на куќата го доживуваат како обврска кој не остава многу простор за уживање. Ние тврдиме дека спротивното е сосема можно! ако прашувате како, еве неколку предлози: пуштете музика додека бришете прашина, сварете чај или направете лимонада и потпивнувајте додека ги средувате фиоките или плакарите.

Кога сме кај плакарите, додека ги прередувате, размислете на кого би можеле да им подарите нешто што не ви е потребно.

Така, освен што ќе направите добро дело за себе ќе сторите и нешто убаво за други, а секако тоа е животот кон кој се стремиме.

П.С. Не знаеме за каква музика сте расположени, но одговорно тврдиме дека следните композиции помагаат во средувањето и прередувањето на хаосот и чистење на прашина.

Beethoven Silence
Smetana Moldau
Mozart The Piano Sonata No 16

Се надеваме дека овие совети ќе ви значат барем толку за да се сетите на нив, и да ја угостите есентта во своето поткровјето на најдобар начин.

Кажете ни што мислите !


или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing