• Сочувајте ја топлината на домот со надворешните ролетни VELUX

Ако само се потсетиме на претходната зима, свесни сме дека е крајно време да се подготвиме за ниските температури, кои само што не почнаа повторно и тоа посебно оние кои живеат во поткровјето.

За вашиот простор да биде исполнет со светлост и топлина, покрај најстуденото годишно време, компанијата VELUX подготви одлично решение, а тоа се: надворешните ролетни VELUX.

РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ ВКУС

Надворешните ролетни VELUX се решение за целосен комфор во вашето поткровје. Тие овозможуваат пропуштање на светлината  која ја сакате во вашиот дом и која во становите или во куќите  со поткровје е главно неопходна.

Исто така, со овие ролетни просторијата можете и целосно да ја затемните и на тој начин да уживате во интимноста на својот дом. Она што е многу важно, надворешната ролетна VELUX нуди оптимална топлинска заштита.

ОВОМОЖЕТЕ СИ ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА И ДО 27%

Покрај значајните карактеристики како што се заштита од врева која доаѓа однадвор, но и заштита од временските непогоди, надворешните ролетни овозможуваат висок степен на заштеда на енергија во зима– подобрена изолација до 27%, но и сигурност од евентуални грабежи.

Поради тоа, запрашајте се кога е вистинско време закупување на ролетни за кровен прозорец? Можеби токму сега!

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing