Римски ролетни – совршен изговор за преуредување на поткровјето
Преуредувањето на домот е една од најпопуларните забави на жените денес. Креативноста е секогаш на прво место, па со самото тоа се и неопходни декоративните елементи во секојдневниот дизајн, почнувајќи од мебелот, па сè до ситните предмети.
Традиционално, ролетните никогаш досега не ги исполнувале овие критериуми.
Со претставувањето на целосно новата и единствена колекција на римски ролетни, VELUX најде начин да ги задоволи првенствено оние на кои дизајнот и ентериерот на домот им е на прво место.
За таа цел, оваа VELUX колекција на ролетни нуди две нови атрактивни карактеристики: заоблен и женствен дизајн со многу меки платна кои не се користени досега и нов избор на бои и дезени кои ги следат најновите европски трендови.
Новите, меки и убави ткаенини исто така имаат и нова структура, неутрални бои, така што можат да ја надополнат секоја просторија.
Сега можете да изберете помеѓу меките бои, структури и неколкуте ефекти кои ги нудат, како што се ткаенините за затемнување и насочување на светлината, проѕирни ткаенини за прекрасни светлосни ефекти или непроѕирни ткаенини кои ја ублажуваат светлината што доаѓа.
VELUX римските ролетни се нови инспиративни производи на сите креативци, бидејќи ја поттикнуваат фантазијата и отвораат можност за повеќекратен избор на бои, материјали и остварување на декоративните светлосни ефекти.
Платната и материјалите на ролетните се заменливи, а во понудата се наоѓаат дури 20 атрактивни бои и дезени, што на сопствениците на поткровните прозорци им дава можност да избираат каков амбиент и карактер на своето поткровје ќе создадат.
Овие ролетни се елегантни и декоративни, со деликатно пропуштање на светлината.
Тие имаат странични шини и можност за поставување во саканата позиција. Многу бргу се вградуваат со помош на единствениот систем VELUX Pick & Click™ и совршено се вклопуваат во Вашите VELUX поткровни прозорци. На домашниот пазар се во продажба од април 2015 година.