ПРЕДНОСТИ НА КОСИОТ ПОКРИВ

Што е првото нешто што се појавува во Вашиот ум кога ќе го слушнете зборот покрив? Дали само го визуелизирате врвот на зградата како еден заеднички простор? Или си го замислувате секој мал детал?

А дали гледате кос покрив со уредни ќерамиди, оџак, од кој излегува чад и ветропоказател кој ја менува својата насока? Дали оваа последна слика не е олицетворение на смиреност, спокојство и хармонија?

Без сомневање дека секој од нас сонува и се стреми кон тоа да има свое место каде да создаде најсоодветни услови за живот за себе и за своите најблиски. За да се постигне оваа цел, сите вложуваме многу време, напор и средства и сето тоа е вредно, бидејќи ги следиме своите соништа. Пред да пристапиме кон изградба на нашата куќа, минуваме низ многу и различни чекори, од кои некои продолжуваат со години, за да можеме да си дозволиме да погледнеме смело напред кон сопствен дом. Кога овој момент настапи, од исклучителна важност е да се најдат најквалитетните материјали и најпрофесионалното изведување, за да можеме да ги крунисаме нашите стремежи со успех. На овој начин ќе ја обезбедиме нашата иднина и онаа на нашите деца за долго време.

Изградбата на куќата почнува со изградба на нејзините основи, онака кажано, почнуваме оддолу-нагоре, но ако треба поправка, често пати насоката е обратна. Токму поради тоа кровот е оној дел од нашата куќа, на кој треба да се обрне посебно внимание, за да си го гарантираме спокојот. Изборот на покривна структура е од клучно значење за животниот стил што ќе го водиме под неа. Несомнено, косите покриви поседуваат голем број на предности кои тежнеат при изборот на покривна конструкција.

Косите покриви се широко распространети и се доживуваат многу повеќе од симбол и пројавување на градежни традиции и добри практики. Овој тип покриви поседуваат карактеристики кои ги претвориле во најпосакувана и користена и до денес градежна конструкција, бидејќи комбинираат функционалност, одржливост и елегантност во едно. Керамичките ќерамиди се природниот избор за создавање на долговечен кос покрив, во комбинација со различни керамички и некерамични додатоци. Производите на Tondach се начинот да го претвориме нашиот кос покрив во многу повеќе од врв на нашето живеалиште.

Еве некои од главните предности на косите покриви

• Во практиката е докажано дека косите покриви со поголем наклон се поотпорни на продирање на вода под ќерамидите и гарантираат подолг живот на покривната конструкција. Природните својства на косите покриви за брз одвод на дождовницата при силни врнежи се дополнуваат совршено од целокупниот покривен систем кој не дозволува навлегување на вода под ќерамидите.

• Од своја страна, при користење на системски покривни решенија за покривање на косите покриви, изведени со помош на керамички ќерамиди и додатоци Tondach, добиваме совршена комбинација помеѓу одделните елементи на конструкцијата, што гарантира издржливост, сила, добро фиксирање и невозможно поместување при силни ветришта и, последно, но не и најмалку важно, уникатна визија;

• Квалитетот на керамичките ќерамиди го обезбедува нашиот мир во сите климатски услови. Благодарение на усогласениот наклон на покривот, тежината од снег може да биде рамномерно распределена на конструкцијата, а системските решенија за задржување на снег спречуваат лизгање на снежните маси;

• Комбинирањето на целокупниот покриевн систем Tondach со соодветна изолација, хидроизолација, како и постигнување на звучна изолација ја обезбедуваат нашата удобност на живеење, се намалуваат трошоците за греење и гарантираат мир и безбедност.

• Косиот покрив дава можност за приспособување на просторот под него во дополнителна станбена површина. На овој начин можеме да создадеме природно, безбедно и убаво поткровје кое ги задоволува сите наши желби.

Секој од нас го заслужува најдоброто. Керамичките покривни системи Tondach се гаранција не само за долговечност и безбедност, но се и синоним за квалитет, комфорт, инспирација и стил.