• Keрамиката како градежен материјал

Во човечката историја отсекогаш имало стремеж кон барање на безбедност, засолниште и заштита. Не е неверојатно дека олицетворението на овие желби може да биде откриено во градењето на згради уште од минатото, па до денес, кога тие се сметаат и како симбол на сила, можности и авторитет.

Со текот на времето во светските градежни и архитектонски трендови се наметнале различни добри практики, типови на градби и посакувани материјали кои ја докажале својата релевантност и издржливост при различни услови. Многу добар пример за традиција која останала актуелна до ден денешен се косите покриви. Тие имаат непроменливи квалитети кои ги определиле како широко применливи и во современото градежништво и се доживувани како симбол на успешен завршеток на секоја зграда, која се одликува со функционалност, елегантна визија и безбедност.

А како што знаеме, обично правилната одлука се крие во комбинирањето на мали, но важни елементи, со помош на кои да се создаде големата и вистинско целина, која е одраз на нашите соништа. Токму тоа го обезбедува целокупната покривна систем Tondach – комбинација помеѓу квалитет, совршена визија, цврстина и долговечност кои можат да бидат откриени во керамичките ќерамиди и додатоци кои ги нуди компанијата.

Но, зошто токму керамика?

Што нè тера да ја избереме? Зошто нашиот развој веќе децении се развива врз основа на овој градежен материјал? За да одговориме на овие прашања и на неколку други кои ни се од интерес, можеме да погледнеме назад во времето. Таму е основата на многубројните причини и услови кои ни помагаат и до денес да понудиме градежни решенија кои гарантираат удобност и спокој за генерации нанапред.

Керамиката како градежен материјал е позната уште од антиката, а доказите за тоа се видливи во мноштвото културни и археолошки локалитети, изградени од керамички елементи кои носат вредни спомени од минатото. Потпирајќи се врз традициите наследени од минатото, керамиката трпи постојан развој и усовршување, иако поседува оптимални карактеристики кои ги покриваат и не ретко диктираат новите барања и стандарди во градежништвото.

Врз керамична основа се создаваат квалитетни градежни материјали, како што се ќерамидите, циглите, подови покритија итн. Разновидноста на форми, можности и идеи кои ги обезбедува керамиката, овозможува покривање не само на најстрогите барања за безбедност и трајност на производот, но и задоволување на најсофистицираните преференции на клиентите.

Прифаќајки ја оваа филозофија како основа, Tondach ги насочува своите напори кон производство и испорака на керамички ќерамиди и додатоци, кои ги имаат сите потребни квалитети за да се претворат во импресивниот завршеток на нашиот дом.

Суровината користена за изработка на производите Tondach е глината, која се претвора во керамика со поврзување на четирите основни елементи – земја, воздух, оган и вода.

ГЛИНА

Глината како суровина за производство на керамичките ќерамиди од Tondach е природен ресурс кој може да се рециклира. Природен производ, кој доаѓа од природата и се грижи за неа, обезбедувајќи ги потребните услови за производство на квалитетни керамички ќерамиди и додатоци кои компанијата да ги нуди на пазарот.

ВОДА

Од своја страна, водата е незаменлив елемент во создавањето на нашите производи. Симбол на почетокот на животот и на креативната моќ. Со поврзувањето со глина, тој придонесува за “раѓање” на долготраен, безбеден и квалитетен производ.

ВОЗДУХ

Третиот елемент е воздухот кој ја носи енергијата за живот. Неговата моќ е фундаментална и неотповиклива. Важен фактор при производството на ќерамидите Tondach, кој има клучно значење во процесот на сушење на ќерамидите и подготвување за финалната фаза на нивното производство.

ОГАН

На последно, но не најмалку важно место, е огнот, кој го отелотворува силата на природните ресурси, создава топлина и комфорт, носи во себе сила, страст и инспирација. Преминувањето преку оган на керамичките ќерамиди Tondach при испекувањето ги прави здрави и отпорни на пожар. Ова е уште една гаранција за безбедност и заштита.

Керамиката ја симболизира силата, издржливоста и економичноста, што во голема мера го дефинира нејзиниот избор како еден од основните материјали низ вековите. Керамиката се одликува со издржливост во сите фази од нејзиното производство – од извлекување на сурова глина до производство и пакување, како и директната нејзина градежна апликација. Да дополниме дека освен се, керамиката е стабилна, отпорна на високи температури и не се шири или собира.

Сила, екологија, издржливост, исплатлива инвестиција за иднината …

Ова се само некои од придобивките од керамиката како градежен материјал. Нејзините придобивки во голема мера ја предодредуваат нејзината поврзаност со безбедноста и потрагата по засолниште и заштита. Доверувајќи и се на керамиката како материјал, со кој да го изградиме или да го поправиме покривот на својот дом, ние не добиваме само тули, ќерамиди и покритија. Со овој избор, ние нудиме емоции, радост, топлина, кои да бидат дел во секоја компонента на нашиот дом. И како што веќе рековме, малите нешта ја создаваат онаа целина, која во себе ги чува нашите соништа.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing