• Подгответе се за себе, за оваа есенско-зимска сезона

8 РАБОТИ, КОИШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ, ЗА ДА ДА ЈА ПОДГОТВИТЕ ВАШАТА КУЌА ЗА ОВАА ЕСЕНСКО-ЗИМСКА СЕЗОНА

Нема подобро место за живеење од куќа со двор. Безспорно животот е таму не е само извонредно пријатен, поради близината на природата, но е и голем предизвик во однос на поддршката и подготовката при промена на годишните времиња. Веќе е есен и препорачливо е да ги подготвиме нашите домови за по-ладно време. Избраните од нас идеи ќе ви обезбедат есенско-зимска сезона без проблеми, топлина и комфор во куќата. Некои од нив се извршуваат за час, а за други може да има потреба да одделите седмица или дури месец, но си заслужува да ги пробате.
Правилно планирајте и преземете ги неопходните мерки, за да ја поминете есенско-зимската сезона. А потоа одморете опуштени на вашиот омилен стол и уживајте во задоволството на домот и на целокупната завршена работа.

1. Размислете за изолација

Сега е време да се грижите за топлината. Безспорно, животот во куќата е поскап, од гледна точка на греење и ладење, во споредба со становите. Независно од тоа, куќата со својата способност да биде близу до природата останува посакуваниот избор за место на живеење. Но, кога настапи студениот период на годината, каприците на есента и зимата вообичаено ќе се одразат на атмосферата и температурата во просториите. Еден од најефикасните методи за постигнување на поволна клима во внатрешните простории и заштеда на енергија е преку поставување на топлинска изолација. Накратко кажано, подобрувањето на топлинската изолација има три основни цели:

  • да се ​​намалат трошоците за греење во зимата, соодветно – соодветно за ладење преку лето;
  • да се постигне здрава и удобна средина за живеење;
  • да се ограничи топлинското зрачење кон околната средина, што влијае на глобалното затоплување на климата;

Топлоизолацијата на куќата може да обезбеди соодветна температура, влажност, ниво на шум, како и заштита од пожар. Како што знаеме, покривната конструкција е изложена на највисок степен на атмосферски влијанија, поради што е потребно да се преземат мерки, т.е. квалитетно изолирање на косиот покрив, одлична херметичност на термоизолацискиот систем и заштита на покривот од дожд, снег, сонце.

2. Проверете го покривот и олуците

За жителите на куќата се однесуваат правилата, дека треба да направат сериозна подготовка за есента и зимата и за потешките атмосферски услови. Обично подобро е да почекате да паднат повеќето лисја за да ја исчистите куќата и дворот, но добра идеја е да предвреме да ја проверите состојбата на покривот, ќерамидите, олуците и покривните прозорци. Исчистете ги отпадоците кои ги блокираат олуците и вдлабнатините на покривните прозорци и поправете ги сите стари делови на олуците, на покривот и околу оџакот. И на покривните ќерамиди им е потребна грижа. Периодично проверувајте дали има пукнатитни и нарушена цврстина. Идентификувајте го проблемот и проценете дали е потребно да се заменат само одделни ќерамиди или целиот покрив. Покривот често се поврзува само со ќерамиди, но всушност постојат и многу други елементи. Сите тие формираат целосен систем. Кога таквиот систем целосно е приложен, можеме да бидеме сигурни дека ќе добиеме максимално надежен резултат. Ако не се чувствувате сигурни дека само ќе можете да ги направите поправките, особено ако куќата е со повеќе од два ката, побарајте услуга на специјалисти, кои ќе извршат брз и детален преглед. Превземете ги потребните мерки сега, за да можете вие и вашиот дом да бидете безбедни во  есенскиот и зимскиот период.

3. Погрижете се за оџакот

Со доаѓањето на сезоната на паднатите лисја, треба да размислите за точното време, кога треба да се чисти и да се подготви каминот или печката на дрва. Уверете се дека каминот и системот за греење се чисти, безбедни и подготвени за употреба пред грејниот период. Навременото чистење на оџакот, ја гарантира безбедноста на вашето семејство и дом, бидејќи често се случува во текот на пролетта таму да се населат птици или гризачи или пак да останало некое старо гнездо што е најчеста причина за настанување на пожар. Добра идеја е да викнете со професионален оџачар, кој ќе ги исчисти сите отпадоци и саѓи, кои се натрупале во оџакот при неговата експлоатација. Дополнително, оџачарот треба да ја провери структурата на оџакот, дали има пукнатини или разместени тули. А, ако сè уште не сте поставиле шапка во горниот дел од оџакот, добро е да го направите тоа сега – ќе се спасите од многу проблеми. Металната шапка со коси страни го штити оџакот од навлегување на вода кога врне. Исто така го спречува навлегувањето на мали предмети во него при силна бура. Освен што се прктични, шапките имаат и естетска функција. Со нив оџакот и куќата изгледаат завршени.

4. Подгответе го каминот

На оние од вас, кои имаат потреба од камин во домот, им се потребни дополнителни подготовки. Предвидливо и навреме направете нарачака за огрев, независно дали користите камин на дрва, камин за затоплување, или тој е едноставно внатрешно решение. Уверете се дека имате доволно количество квалитетни суви дрва за редовна употреба пред зимата. Ако можете да набавите дрва и во текот на грејната сезона, не задржувајте големи количества околу куќите, зато што се зголемува опасноста од појава на штетници. Задолжително чувајте го огревот сув и под покрив, заштитен од дожд и снег. Влагата во дрвото ја намалува неговата термичка способност и го зголемува загадувањето на околната средина, бидејќи гасовите го напуштаат оџакот нецелосно изгорено.

5. Изолирајте ги вратите и прозорците

Обично во текот на студените месеци во просториите на првиот кат на куќите е непријатно ладно. Во таков случај веројатно ќе облечете дополнителна облека или ќе го појачате греењето. Многу подобро се задржува топлината во студените денови и ноќи, ако прозорците и вратите се добро изолирани и од таму не влегува студен воздух. За таа цел на пазарот има специјални залепливи ленти за изолирање, кои служат за задржување на топлината во просторијата, благодарение на материјалот од кој се направени и блискиот контакт, со рамката на вратата или прозорецот. На поновите прозорци со двоен или троен стеклопакет може да не им е потребна дополнителна изолација, но за повеќето простории со стари прозорци и столарија овие ленти ќе завршат идеална работа и ќе ја задржат топлината за подолго. Пред да ги залепите лентите, проверете дали на прозорците и вратите не им е потребно чистење, а доколку е потребно, заменете ги старите ленти со нови.

6. Обратете посебно внимание на клима уредите во домот

Ако користите клима уред, сега е време да ги исчистите неговите филтри. Ова е од суштинско значење за создавање и одржување на чиста и свежа атмосфера во просториите на куќите , а исто така ќе се радувате и на поекономични клима уреди. Особено после топлото лето, кога се претпоставува дека клима уредот работи речиси непрекинато. Редовното одржување на клима уредот ќе го промени квалитетот на воздухот и значително ќе ја подобри ефикасноста. Чистењето се прави во неколку лесни стапки. Отворете го клима уредот и внимателно отстранете го филтерот, а потоа исчистите го со прашок, за да ја отстраните наслоената прашина. Исчистете ги филтрите и оставете ги да се исушат без механичко сушење. После тоа филтерот е подготвен да биде поставен повторно во клима уредот.

7. Проверете ги уредите за безбедност

Дрвената конструкција на куќичката, а особено на поткровните простории е извонредно подложна на пожати и е приоритет при заштитата од пожар. Затоа на време проверете дали детекторите за дим работат и ако е потребно, сменете им ги батериите. Уверете се дека уредот за гасење на пожар е со точен рок на употреба, поставен на соодветно место, а при потреба заменете го со нов.

8. Внесете удобност со топли ќебиња

Размислете за замена на лесните и тенки покривки со меки ќебиња. Внесете удибност и топлина во вашата куќа со перници од волна. Кадифе или вештачки материјал. Подебелите килими и завеси не само што ќе ви го освежат домот, туку и ќе го засилат чувството за удобност и ќе ги намалат сметките за топлинска енергија.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2020. Развиено од My Marketing