…или како со еден производ да го решите проблемот со звучна и топлотна изолација. Решението со изолација е составен и многу важен дел од изградбата и адаптацијата на едно поткровје.
Често не прашувате како да го решите проблемот со бучавата која се слуша во и од самото поткровје во останатите простории во вашиот дом, па решивме во овој текст да се позанимаваме со темата бучава предизвикана од удари и како тоа да се намали.
Како се создава бучава?
Овој вид звук е познат како ЗВУК ПРИ УДИРАЊЕ или СТРУКТУРЕН ЗВУК карактеристичен за ѕидови или меѓукатна конструкција. Се создава при некакво удирање или помесување на предмети врз меѓукатната конструкција (одење, поместување на мебел, работа на машина за перење при центрифугирање и сл.) може освен на околните простории преку страничните ѕидови да се пренесе неколку катови погоре или подолу.
Решение?
Има ли проблемот решение? Секако, како и за други проблеми има повеќе решенија. Шред да го понудиме решението, важно е да напоменеме на сите купци или инвеститори: при проектирање и изградба на станбени објекти а особено поткровја, мора да се предвиди начинот на изолација, бидејки секое дополнително решение нема да ги даде посакуваните резултати.
Квалитетна градба подразбира употреба на квалитетни материјали и сопирачи на бучава, и тука не треба да има компромис. Но во пракса за жал често се користат несоодветни материјали за звучна изолација или во најлош случај нема никаква изолација. Сведоци сме на се поголем број рекламации кон инвеститорите од страна на станарите поради бучава од неутврдени извори во зградите, и тоа во модерни и многу скапи населби. Затоа:
- кога градите – градете квалитетно за да ја оправдате цената
- кога купувате – прашајте дали постои звучна изолација во подовите и кои материјали се користени.
А сега вистинско решение!
Најдобар, а неретко и единствен начин за решавање на проблемот со звукот од удирање е секако самиот извор на бучава. Тоа што го препорачуваме за меѓуспратен тавански простор (грејни) односно поткровје и низок спрат е пливачка подна конструкција се камена и минерална волна како материјал за изолација.
Што претставува пливачка?
Пливачки подови се подови кои на носечката конструкција не се потпиреаат директно туку од неа се одвоени со звучно – апсорпциска изолација која го пригушува звукот. Тој слој се вика пливачка маса, звучен апсорбер или пригушувачки слој, а најдобро решение е тоа да биде слој од камена минерална волна.
Зошто камена минерална волна?
Камена и минерална волна Knauf Insulation, како звучна изолација оневозможува пренос на звуци низ градежните делови.
Тајнатата лежи во влакнестата структура на камена и минерална волна, која со посебна структура на влакна овозможува соодветна цврстина при оптоварување (за да се избегне евентуално слепување при притисок) и потребна еластичност (делува како амортизирачки слој помеѓу естрих-от и носечката конструкција)
Како да направите пливачка подна конструкција?
Како што се гледа од сликите во продолжение, постапката на вградување е многу едноставна:
*Минимална дебелина на термоизолација во меѓусопратната конструкција треба да биде 3цм за да ги задоволи актуелните правила од областа на енергетската ефикасност. Вака направена подна конструкција со пливачки под е најсоодветно решение за намалување на звукот од удирање помеѓу поткровјето и спратот подолу. Мора да го споменеме дека камената волна го решава проблемот и со топлотната изолација како што стои во поднасловот.
Тогаш да видиме:
ШТО СЕ ТРЕБА ДА ВИ ОВОЗМОЖИ КВАЛИТЕТЕН ПОД?
Се што е наведено погоре ја прави камената волна идеален материјал за пливачка подна конструкција бидејки овој материјал нуди решение за сите три потребни услови.