Зошто гипсот е идеален за здраво поткровје?

И пред 5.000 години, старите Египјани биле во потрага по материјал, кој бил природен, здрав, лесно би се обработувал и по обработката трајно би го задржал зададениот облик. Брзо го наште решението – гипс!

Во следните 5.000 години тој континуирани се користел во градежништвото на сите цивилизации, за денес, низ модерната технологија, тој, преку системите за сува градба да стане синоним за брза и квалитетна градба, која ги олеснува објектите и позитивно влијате на звучната и термичка изолација.

Иако денес и да нема градба во која не е применет гипсот, за почеток избравме преку ваков пример од станоградбата да ви ги претставиме својствата на овие системи.

Малите дебелини на Кнауф преградните ѕидови овозможуваат брза и лесна монтажа и обработка. Во овој процес нема копање на ѕидовите (попознато како “штемање”) за водење на инсталации, затоа што сите инсталации, електрични, компјутерски, довод и одвод на вода и слично, се поставуваат во шуплината на ѕидот, со што стануваат невидливи.

Со ова се обезбедува чист процес на работа, без проблематичен градежен отпад. Поради сувата постапка на вградување, сите површини завршно се обработуваат без чекање, а нема ни непотрабно внесување на вишок влага во просторот.

За се ова да се постигне, потребен е соодветен алат, спретен и обучен гипсар, како и системски материјали за работа.

Системите кои ги покрива сувата градба се за употреба од подрум до кров и од под то таван, употребени во новоизграден простор, а поради модуларноста и леснотијата при употреба, посебно погоден и за адаптации и санации на постоечки простор.

Уникатно обликуваните ѕидови и обработените тавански површини се само видливиот дел од системот. Она што не се гледа, а е дури и поважно да корисникот на простороте стручното и системско вградување на производите, минималното статичко оптоварување, проверена заштита од бука, тестирана и сертифицирана противпожарна заштита и точно изпланираната и изведена термичка заштита. За ова ќе зборуваме во друга прилика.

Сето ова, вградено заедно благодарение на испитаните Кнауф системи за сува градба.

Со оглед на фактот дека реконструкцијата и адаптацијата на просторите е сепочеста тема со која се среќаваме во ланецот производител-дистрибутер-корисник, слободно можеме да потврдиме дека нема поприлагодлив материјал од кнауф плочите, за сите видови на косини, ниту пак поразвиени и модерни системи за сува градба, применливи на помали или поголеми поткровни простори кои треба потполно да се искористат за живот, работа или рекреација.

Уште неколку фасцинантни податоци за гипсот

Кожа на ѕидовите

Она што го прави гипсот употреблив во медицината е подеднакво истата брзина на пародифузност и истата pH вредност како и човечката кожа. Ова го прави идеален материјал за површините кои треба да не опкружуваат. Гипсот е 100% минерален материјал, докажано без никакви токсични материи кои би ни го нарушиле комодитетот на просторот. Без никакви ограничувања може да биде и да остане во времендки неограничен контакт со човековата кожа.

Почуствувајте ја топлината

Кожата е најголемиот орган на човековото тело. Дозволете и да ужива и највисока удобност. Гипсот како материјал има својство на ниска термичка проводливост. Гипсените површини секогаш имаат удобна температура на допир.

Климатизирани ѕидови

Во внатрешната рамнотежа лежи уметноста на живеењето, а тајната на воедначената клима во просторијата е во умерената влажност. Природата преку гипсот ни дарила силен регулатор на влагата. Со своите широки пори, тој лесно ја прифаќа влагата која е вишок во една просторија, а при следниот пад на влагата, повторно ја враќа назад примената количина, секогаш одржувајќи оптимална влага, од 40% до 60%, во воздухот. Сето ова без никаква дополнителна енергија, сосем природно.

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје