• ЗДРАВИОТ ЖИВОТ ПОЧНУВА ОД ДОМОТ !

Според едно неодамнешно истражување, на европјаните здравиот дом им е многу позначаен за здравјето од избегнувањето на пушењето и редовната физичка активност, така што креирањето на здрав дом станува значаен фактор за здравиот животен стил.

Ова е заклучокот од новото истражување на  Healthy Home Barometer, кое го спроведе групацијата VELUX .

Животот во нездрави услови може да доведе до астма, до хроничен замор, да предизвика лоши резултати и перформанси на работното место и да ја наруши способноста за учење кај децата.

Научниците предупредуваат на овие и на други опасности со кои се соочуваме  кога живееме во нездрави домови. Меѓутоа, кога се во прашање конкретни активности за елиминирање на овие опасности, иако сме свесни, не се однесуваме на начин со кој ќе ги отстраниме и надминеме.

Ова е уште еден од заклучоците на студијата  на Healthy Home Barometer 2015, која е спроведена  кај жителите на 12 европски држави.

Идејата на ова истражување беше да се стави во фокус тоа какви се размислувањата и постапките кога се во прашање нашето здравје и здравјето на жителите во нашиот дом.

„Европјаните сакаат домови кои се енергетски ефикасни, кои истовремено им обезбедуваат удобност и здрав живот. Луѓето едноставно сакаат здрави домови.“ рече Michael K. Rasmussen, од групацијата CMO VELUX, кој ја иницираше оваа студија.

Причините за создавање на нездрав дом се движат од нередовно проветрување, до сушење облека во просториите, до живот со премногу малку осветлување во текот на денот, или спиење во премногу осветлени простории.

СВЕЖИОТ ВОЗДУХ И ДНЕВНАТА СВЕТЛИНА СЕ ПОВАЖНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО ОД РЕЖИМОТ НА ИСХРАНА

Според оваа неодамна спроведена студија, испитаниците им дадоа предност на свежиот воздух и на дневната светлина во однос на исхраната богата со овошје и зеленчук. Логично е да се заклучи дека испитаниците повеќе ќе се занимаваат со унапредување на внатрешната клима во своите домови, отколку што би се активирале и би се занимавале со физички активности и вежбање, подготовка и консумирање на здрава храна или престанување со пушењето.

Меѓутоа, ова воопшто не е реалност.

Иако здравиот дом за многу од нас претставува приоритет, сепак живееме во услови кои го нарушуваат нашето здравје  и благосостојба, дури и без свесност за тоа колку ги загрозуваме.

„Обезбедувајќи природна, дневна светлина во текот на денот и целосен мрак во текот на ноќта, многу значајно влијаеме на нашето општо здравје и благосостојба. Истото важи и за свежиот воздух. Сите овие фактори се дел од здравиот животен стил, како што е и здравиот режим на исхрана и одењето во сала за вежбање.“ – рече Michael K. Rasmussen.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО И ОВОЈ КРАТОК ФИЛМ!


Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или