• За прозорците и дневната светлина

Постојат неколку аспекти, кои мора да ги имате во предвид, ако одлучите да поставите прозорци на вашата фасада или покрив:

Тип на прозорецот: на пример, имате потреба од големи или мали прозорци? Дали стаклото треба да обично, двослојно или да има специјална термоизолациска облога?

Положба на прозорецот: Дали прозорецот треба да се постави ниско долу или точно под горниот раб на покривот? Од една страна или од двете страни на собата сакате да има прозорци?

Постојана заштита од сонце: Koe е подобро за вас – ролетните да се од внатрешната страна или од надворешната страна на прозорецот? Или и двете?

Околните згради и дрвја: Што има околу вашиот дом, што може да ја блокира светлината?

Тип на прозорец
Прво и најважно, внимателно проучете ги различните видови на фасади и кровни прозорци. Најдобрата алтернатива за темни соби и за црвени радијатори е добриот квалитет прозорците, кои поседуваат енергетски-ефикасно стакло. На пример, термоизолациските стакла се добра инвестиција.

Обемот на дневната светлина, која преминува преку стаклото се намалува со секој дополнителен слој на стакло преку кое светлината треба да помине. На пример, стаклото од два слоја дозволува околу 80% од светлината да помине преку нив. Тоа не значи дека ќе забележите дека има помалку светлина во куќата, но ако застанете директно под сончевата светлина од прозорецот, нема да Ви биде толку топло. Истовремено, многуслојното стакло ја задржува топлината внатре во просторот. Заклучокот е дека термоизолациските стаклопакети овозможуваат попријатна и практична клима во куќата.
Повеќето кровни прозорци стандардно се опремени со енергетски ефикасни стакла. Специјалната облога е проектирана да пропушта што е можно повеќе светлина и помалку топлина, што води до попријатна внатрешна клима и доволно количество дневна светлина.

Положба на прозорецот
Положбаѕа на прозорецот врз фасадата или покривот игра важна улога како за количеството, така и за квалитетот на дневната светлина, која вашите прозорци ја пуштаат внатре. Колку повисоко е поставен еден прозорец, толку повеќе светлина ќе влегува во собата. А колку повеќе дневна и сончева светлина пуштите во Вашиот дом, толку помалку вештачко осветлување ќе ви биде потребно.

Кровните прозорци можете да ги поставите насекаде. Ако сакате Вашиот дом да биде облеано со светлина преку целиот ден, се до вечерта, југоисток е најдобрата страна за поставување на вашите прозорци. Ако треба прозорците да се постават многу високо, најдобро е да изберете варијант со електрично управување. Истовремено треба да имате во предвид едно правило земено од праксата – со секој метар со кој навлегувате во просторијата и се одалечувате од прозорецот, силата на природната светлина се двојно се намалува.

Заштита од светлина и топлина
Кој е најдобрата опција за вас: Ролетна од внатрешната страна на прозорецот или ролетна поставена од надворешната страна? Поставените од надворешна страна ролетни, се најдоброто решение за заштита од топлината на сонцето.

Внатрешните ролетни обезбедуваат повеќе можности за регулирање на светлината. За кровните прозорци се приложуваат истите ентериерни решенија, како и за фасадните прозорци – ролетни кои се разликуваат со специфичен дизајн и карактеристики, специјално разработени со оглед на нивното користење. VELUX има решение за секоја Ваша желба – од ролетни кои затемнуваат за здрав и спокоен сон, до ролетни кои да го разубават Вашиот ентериер. Ролетните на VELUX ги има и во електричен варијант, како и со соларно управување.

Дрвја и згради
Високите дрвја и згради го ограничуваат приливот на дневната светлина. Ако сакате да поставите нов прозорец на Вашиот дом, треба да изберете место, на кое не паѓа сенка од околните згради.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing