Внесете медитерански дух во вашето поткровје

Декорацијата во која преовладува медитеранскиот стил одликува свежина, светлост, асоцира на ведро небо и на речиси реален и вистински мирис на сол од некој медитерански брег. Било која просторија да ја декорирате во медитерански стил, ќе добиете награда во вид на ведро, опуштен и живописен амбиент. Во продолжение ќе Ви ги опишеме кои услови се неопходни за да се добие медитеранскиот стил, и истиот да сјае во целосен сјај. Ќе Ви објасниме и доловиме која е причината што поткровјата се совршен простор за ваков вид на стил за уредување на ентериерот.

Што е медитеранскиот стил?

Кога размислуваме за медитерански стил, прва асоцијација ни се простории во кои преовладува комфорот, светлината и едноставноста. Медитеранската култура е блиско поврзана со пространството на просторот, поле, сонце, море, бескраен поглед кон небо, и далечен правилен хоризонт. Поради ова, претпоставка е дека внатрешноста е уредена со големи прозорци, балкони, тераси, поглед на отворено небо – со други зборови, потребно е внатрешноста да содржи сè што има едно поткровје. Кога веќе постојат вакви предуслови, медитеранската декорација ќе ни овозможи опуштен и светол ентериер.

Боја на медитеранскиот амбиент

Во потрага по свежина и светлост, во медитеранскиот стил не само што сето ова е присутно, туку всушност постои и доминација на светли бои, меѓу кои бела и сина, придружени со окер и земјени тонови, или пак нијанси на зеленкасти траги.
Бојата во оваа декорација се стреми да ја подобри и да ја рефлектира светлината, за да се постигне релаксирачки и опуштен ентериер.
Плавата боја, заедно со бела, се појавуваат во широк спектар на тонови и нијанси, од оние кои се обидуваат да ни приближат бледи нијанси на хоризонт до оние кои се асоцијација на сино море, кое се соединува со сино небо.

Светлост како предуслов

Покрај бојата, која веќе ја спомнавме, светлото е третиот протагонист на медитеранското внатрешно уредување, светлото преовладува во просториите, било да е преку огромните кровни прозорци, или пак преку стаклената балконска врата, денес светлосниот ефект се решава и преку светлосните тунели. Светлосните тунели се идеални решенија за простории во кои нема директен пристап до извор на светлина, тие овозможуваат светлосни зраци да стигнат до нив.

Материјал за медитанскиот стил

Во овој стил е едноставноста и минималноста заштитен знак, било да се работи за декорација, или за користење на материјалите. Архитектонски материјали кои што преовладуваат се камен, дрво и гипс во најчиста форма, тие претставуваат компоненти што не може да недостасуваат. Овие материјали се застапени во чиста форма, но со меѓусебна комбинација: камен и гипс, дрво и камен … Доколку имате дрвени греди на поткровјето и сакате да го декорирате домот во медитерански стил, оставете ги онака како што изгледаат! Можете да ги задржите во природна боја или да ги префарбате во бело, и во двата случаја ќе постигнете пријатен изглед.

Мебел и декоративни детали

Во согласност со сите наведени критериуми за создавање на медитерански стил, истотака и овој вид на мебел бара да биде функционален и едноставен. Од истата причина, најдобар избор на материјали за мебел, се дрво, стакло, метален мебел но со едноставни линии.
Деталите кои се користат најчесто се употребуваат за да овозможат посебни нијанси кон боите и да додадат специфичност на ентериерот. За овој стил посакувани се керамички украси, школки, кристали …
Лесни завеси кои пропуштаат светлина, теписи во светли бои, перници во живи бои, сето ова е идеално дополнувања во декорирањето на домот во медитерански стил.
Секако ваквиот стил прекрасно е кога е надополнет со свежи цвеќиња и растенија, ве охрабруваме да не штедиме на нив, да ги украсите просториите и терасите.