• Дневна светлина таму каде мислевте дека е невозможно!

Според последните истражувања, природната светлина игра голема улога за нашето расположение, концентрација работоспособност и контрола на внатрешниот часовник и спокојни да го дочекаме вечерниот сон.

Унапредете го вашето живеење и комфор во домот и внесете светлина во сите простории и ќошиња. VELUX светлосниот тунел е дизајниран да внесе природна, дневна светлина во простории како бањи, ходници, внатрешни скали, гардеробери и остави, таму каде не е возможно да се вгради било каков прозор.

VELUX светлосниот тунел, кој го сочинуваат, рамна стаклена кровна инсталација, високо рефлективниот тунел и распрнувач на светлина, внесуваат природна сончева светлина во вашиот дом каде не е потребен поглед кон надвор и вештачката светлина е единствен извор на светлина.

Вентилациски адаптер, по ваш избор може да се вгради во светлосниот тунел за да се обезбеди пријатна клима во просторијата. Новата генерација светлосни тунели може да биде опремена со електрична опрема за осветлување која ноќе функционира како лампа или кога недостасува природна светлина.

Со својата елегантна надворешност која ја сочинуваат рамено, цврсто стакло во комбинација со полиуретанска или алуминиумска рамка и опшивка која идеално се вклопува во кровот.
VELUX светлосниот тунел е создаден на барање на сопствениците на куќи и станови кои никако не можат да најдат решение да ги осветлат темните простории во домот каде не може да допре природната светлина.

VELUX светлосниот тунел може да се постави во секој профилисан или рамен кровен покрив си косина помеѓу 15 и 60 степени. Должина на светлосниот тунел е доволна за растојание до 2 метри од кров до плафон.

За поголемо растојание и повеќе светлина VELUX препорачува непопустлив тунел кој може да се настави и продолжи до 6 метри со повеќе тунели. VELUX светлосниот тунел, обично не бара реновирање или преуредување туку на станарите ги остава да уживаат во новото искуство со природна светлина и свежа и пријатна клима во нивните бањи, ходници или други темни простории, веднаш по поставувањето на кровен светлосен тунел.

VELUX светлосен тунел се поставува едноставно и има петгодишна гаранција.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing