Упатство за поставување изолација во чекори

Вградување на LDS системи

1. За покрив кој се вентилира, потребно е, од горната страна на роговите, да се постави паропропусна – водонепропусна фолија, Homeseal LDS 0.02 (директно преку роговите, како што е прикажано на сликата, или преку растојание помеѓу поставени плочи).

2. Зашрафување на Knauf UD профили на растојание од роговите кое е еднакво на дебелината на стаклената волна (Unifit 035 или Ekoroll) која ќе се постави преку роговите.

3. На роговите да се зашрафат, Knauf сидрени анкери (на растојание од 40-50cm), исфрлени надвор од роговите за должина еднаква на дебелината на стаклената волна (Unifit 035 или Ekoroll) која ќе се постави преку роговите.

4. Се отвора пакет на Knauf Insulation камена волна, KR SK, 12cm со надолжно пресекување (*дебелината на NaturBoard FIT PLUS треба да биде еднаква на висината на рогот. За пример го земаме најчестиот случај – 12cm).

5. Премерување на растојанието на роговите

6. Таблата од камена волна, NaturBoard FIT PLUS, треба да се исече за 0,5-1cm пошироко од растојанието на роговите.

7. Се вградуваат таблите од камена волна, NaturBoard FIT PLUS, меѓу роговите, тесно, една до друга.

8. Се отвора ролна Knauf Insulation стаклена волна, Unifit 035 или Ekoroll, 16cm (*вкупната дебелина на термоизолацијата треба да биде 28cm).

9. Со стаклената волна се покриваат роговите и камената волна, со втиснување преку сидрените анкери.

10. Се поставуваат Knauf CD профилите преку сидрените анкери.

11. Се подготвува Knauf Insulation активната парна брана, Homeseal LDS 5, и универзалната леплива лента, Homeseal LDS Solifit.

12. Активната парна брана, Homeseal LDS 5, се поставува преку CD профилот, со преклоп од 10-15cm со 100%-но затворање на споевите со Homeseal LDS Solifit лента.

13. На CD профилите се зашрафуваат Knauf гипс-картонски плочи (GKB).

14. Сите елементи од LDS системот се вградени и вашето поткровје е идеално топлински изолирано.

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје