• Убав завршеток на подпокривниот простор со гипс плочите KNAUF CLEANEO AKUSTIK

Современиот дизајн, намалувањето на ефектот на ехо во просторијата и разградувањето на непријатните миризби се само дел од Вашите предности кога подпокривното простор го обложувате со плочи Cleaneo ® Akustik.

Множество од различни по големина и форма на перфорацијата по целата површина на плочите Cleaneo ® Akustik ја променува стандардната визија на таванските облоги. Покрај тоа, тие ја имаат и способноста да ја намалуваат реверберацијата. Благодарение на перфорацијата и тенкиот акустичен превез со кој е каширана обратната страна на плочата, се намалува ефектот на ехо во просторијата.

Чистиот воздух е веќе една осознаена потреба

Едни од главните загадувачи на воздухот во просториите, за кои често не се и сомневаме се некои внатрешни бои, подови и лепак на нив, лакови и поврзувачките материјали, користени во индустријата за мебел, средства за чистење, чад од цигари. Сите тие влијаат штетно на луѓето бавно и долготрајно. Cleaneo ® Akustik се гипс перфорирани плочи, кои во гипсеното јадро содржат зеолит – природни минерали со вулканско потекло и со специјални каталитички својства.

Тие ги разградуваат штетните материи и ги неутрализираат мирисите како формалдехид, ацеталдехиди, бактерии и многу други испарливи органски соединенија кои се одделуваат во секојдневниот живот на човекот, создавајќи многу поволна микроклима во просториите. Се остварува 24-часовен каталитички процес без акумулација на штетни супстанции или трошење на зеолитните минерали.

Процесот може да биде забрзан од присилно движење на воздухот во просторијата (на пример од тавански вентилатор, климатизација и др.), што помага за поефикасно остварување на Cleaneo® ефектот. Времетраењето на процесот на разградување е во зависност од концентрацијата на штетните материи, перфорацијата и движењето на воздухот во просториите и изнесот на неколку часа.

Обработка и пополнување на фуги

Новиот FF кант ја олеснува монтажата и ја контролира потрошувачката на материјалот за фугирање, со што се зголемува продуктивноста. Кантот се подготвува фабрички. Така се обезбедува оптимална врска помеѓу рамнината и материјалот за фугирање – Knauf Jettfiller или Uniflott. Точните фабрички димензии (дебелина 12,5 mm), ширина од 1200 до1300 mm, должина од 2000 до 3000 mm на Knauf Cleaneo ® Akustik обезбедуваат соодветно поставување на плочите спрема монтажната шема.

Погледнете го видеото за монтирање:

Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или