• СПРЕЧЕТЕ ЈА ПОЈАВАТА НА МРАЗУЛЦИТЕ НАВРЕМЕ!

Како се создаваат мразулците?

Кога косиот кров или таванскиот простор е неизолиран или е недоволно изолиран, топлиот воздух од просторот на живеење минува низ конструкцијата.

Тогаш кровната конструкција добија доволно топлина да го стопи долниот слој на снегот на кровот. Водата протекува помеѓу слојот на снегот и кровниот покривач додека не стигне до натстрешницата на кровот, која останува ладна, бидејќи ги надминува границите на куќата.

Тука водата постепено се замрзнува создавајќи големи наслаги на лед и МРАЗУЛЦИ.

ПОСЛЕДИЦИ

1. НЕПОСРЕДНА ОПАСНОСТ – животот на луѓето и на животните може да биде сериозно загрозен со откршувањето на мразулците.
Во најдобар случај, може да дојде до оштетување на имотот – автомобилот, делови од куќата и други работи кои ќе се најдат директно под мразулците.

2. КРОВ КОЈ ПРОКИСНУВА – истопената вода, која се задржува, со текот на времето наоѓа пат во внатрешноста на кровната конструкција.

Ако не сте поставиле соодветна термоизолација и не сте го спречиле оддавањето на топлината, барем спречете го продирањето на истопената вода низ кровната конструкција со паропропусна-водонепропусна фолија Homeseal LDS 0.02, од надворешната страна на кровот.

3. ФИЗИЧКИ ОШТЕТУВАЊА – ледот е тежок и кога ќе се ослободи, тој ги повлекува со себе олуците, па заедно можат да направат сериозен проблем со рушење.

СПРЕЧЕТЕ ЈА ПОЈАВАТА НА МРАЗУЛЦИТЕ СО ТЕРМОИЗОЛАЦИЈА

Изолација на косиот кров во ситуации кога поткровјето се користи како животен простор.

или со изолација на таванот во случаи кога поткровјето не се користи.

Колку изолација е доволно?

  • Многу е важно да се примени соодветната дебелина и тип на изолација на поткровјето.
  • Недоволно изолираниот кос кров или таван, исто така, пропуштаат одредена количина на топлина  која доведува до топење на долниот слој на снег на кровот и подоцна до создавање на мразулци.
  • Препорачани дебелини и тип на изолација за кос кров/таван, но и за сите типови на конструкции можете да видите со кликнување ТУКА.

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или