• Сонце и светлина во 68 квадрати на еден скандинавски дуплекс

Денес влегуваме , макар само виртуелно, во еден шведски дуплекс во чии 68м2 е сместено се што во еден луксузен и комфорен стан може да собере.

Единствена разлика помеѓу овој дуплекс и класичен луксузен стан е во тоа што овој простор е целиот осветлен – макар важи за горниот кат: што има орнаменти карактеристични за поткровје – греди и кровни прозори – и што од небесната шир го дели само кров. А швеѓаните ја ценат светлината повеќе од египќаните зеленило или медитеранците снегулките.

Естетиката на просторот, без разлика на спецификата на просторот е внимателно осмислена. Сите фотографии укажуваат дека на дизајнерите им беше целта да ги зачуваат протагонистите : темно дрво и цигла, а воедно да ги искористат поволностите на овој светол простор. Па така и се ” роди ” мешавината од скандинавски и рустичен стил.

Мебелот е со прецизни линии и светли бои, декоративните детали дискретни и не го оптеретуваат просторот, туку споменатите греди прават контраст  на светлина, додека исто така ги поврзуваат различните цигли и модерен мебел во идеална осмислена  целина.

Светлината , толку нагласувана и вреднувана, во овој стан е искористена и како храна за растенијата, со што е обогатен квалитетот на воздухот во ова прекрасно поткровје.

Кровниот балкон е полн погодок! Освен светлина , станарите добија  врата кон надворешниот свет, дотур на свеж воздух и  се разбира мора да нагласиме, прекрасен поглед!

Ние мислиме дека овој дуплекс е совршено гнездо и засолниште од градската врева. Со вас го споделивме бидејќи веруваме дека постојат некој ситни и крупни детали кои на секој станар би му послужиле како инспирација.

Извор: Delikatissen.com

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing