• Сè што сте сакале да знаете за изолацијата на поткровјето

Современиот начин на изградба на објекти подразбира во сите фази, од изработка на проектот па сè до самото градење на објектот, да се почитуваат највисоките светски стандарди.
Особено се води сметка просторот во кој престојуваат луѓето да нуди највисок топлински и акустички комфор, како и безбедност од пожари во исто време, така што објектот во кој престојувате да обезбеди повеќе од „кров над главата“.

Имајќи го предвид фактот дека зградите се големи потрошувачи на енергија (над 40% од вкупната потрошувачка на енергија), императив е намалувањето на потрошувачката на енергијата која е потребна за загревање и ладење на објектот, со зголемување на комфорот на престојот во објектот.

Една од најефикасните мерки за постигнување на поволна клима на внатрешните простории и заштеда на енергија е изолацијата на поткровјето.

LDS СИСТЕМ

Овој енергетски ефикасен систем обезбедува максимален комфор во Вашето поткровје со заштеда на енергија.

Предноста на  LDS системот е во врвната топлинска заштита  (комбинација на камена и стаклена волна), која е дополнително подобрена  со одличната заптивност и заштитата од влијанието на ветерот.

Homeseil LDS 0.02

паропропусна –водонепропусна фолија

NaturBoard FIT PLUS

паропропусна –водонепропусна фолија

Homeseal LDS 5 Silk или Homeseal LDS 200

Homeseal LDS 5 Silk- активна парна брана Homeseal LDS 200 – парна брана

UNIFIT 035 или NatuRoll Plus

Стаклена минерална волна: Коефициент на топлинска спроводливост λ=0,035W/mK

Homeseal LDS Solifit

универзална леплива лента

ПРЕДНОСТИ НА МИНЕРАЛНАТА ВОЛНА ВО ПОТКРОВЈЕТО

КАМЕНА МИНЕРАЛНА ВОЛНА

Природен изолационен материјал од минерално потекло, кој се добива со топење на камен од вулканско потекло – доломит, дијабаз и базалт.

Одличен термоизолатор во зимскиот и во летниот период, има висока точка на топење (над 1000°C) што го прави негорлив материјал во функција на заштита од пожари.

Исто така, одличен апсорбер на звучната енергија. Идеална изолација за сите позиции, посебно таму каде што се бара поголема отпорност на притисок, и високи изолациони перформанси во летниот период (поткровја, рамни кровови, подови, фасади).

СТАКЛЕНА МИНЕРАЛНА ВОЛНА

Природен изолационен материјал од минерално потекло со висока содржина на рециклирани суровини, кој се добива со топење на песок и стаклена згура.

Се одликува со одлични топлински, акустични и противпожарни перформанси, со точка на топење околу 700°C.
Се произведува со помош на едноставната ECOSE®Technology, што го прави природен материјал без формалдехид.

Претставува идеален изолационен материјал за позициите кои не браат самоносивост на материјалот и висока цврстина на притисок (поткровја, таваници, спуштени плафони, преградни ѕидови).

ПРЕДНОСТ НА LDS ФОЛИИТЕ ВО ПОТКРОВЈЕТО

ЗНАЧЕЊЕ НА ЗАПТИВНОСТА(AIRTIGHTNESS)

Заптивноста на значајна, бидејќи го намалува минувањето на воздух – неконтролираниот проток на воздух низ споевите на материјалот. Колку што е размена на воздух низ обвивката на објектот поголема, толку е поголема загуба на енергијата од објектот.

Со обезбедување на заптивност – или најмалку доведување на загубата на топлиот и ладниот воздух на минимум– се остварува максимална изолираност. Со позасилените градежни прописи во однос на подобра енергетска ефикасност, заптивноста станува исклучително важно прашање.

ВЛАЖНОСТ И КОНДЕНЗАЦИЈА

Влажноста и кондензацијата можат да предизвикаат големи проблеми во куќите кои не се добро изолирани, вентилирани и заптивани.

Кондензацијата се појавува кога топлиот, влажен воздух од внатрешноста на зградата ќе продре низ пукнатините и празнините во структурата на конструкцијата и доаѓа во допир со ладната површина. LDS системот обезбедува решение.

ЗАШТИТА ОД ВЕТЕР (WIND PROTECTION)

Во ситуациите кога изолацијата е директно под кровниот покривач, ефикасноста на изолацијата може значајно да се намали со инфилтрација на воздух.

Воздухот со своето струење создава „ладен ефект“ на изолацијата со што значително го намалува нејзиното дејство. Со заштитните LDS мембрани „ладниот ефект“ целосно се елиминира.

Homeseal LDS ФОЛИИ

Начинот да се елиминира неконтролираниот проток на воздух и да се спречи кондензацијата   е да се формира заптивна надворешна обвивка  низ која водената пара (влага) непречено поминува, но ветрот и водата не можат да продрат. За ваков паропропусен-водонепропусен систем, решение е примената на  LDS фолии во комбинација со  лепливи ленти .

НАДВОРЕШНИ ФОЛИИ

ВНАТРЕШНИ ФОЛИИ

ВГРАДУВАЊЕ НА LDS СИСТЕМ

Пред вградувањето на изолацијата, за кровот кој се вентилира, потребно е, од горната страна на роговите, да се постави паропропусна-водонепропусна фолија, Homeseal LDS 0.02 (директно преку роговите или преку одделеното подесување, како на сликата) и зашрафите на роговите на сидрените анкетри за поставување на CD профил.

Да се премери растојанието на роговите ->

Плочите од камена волна, NaturBoard FIT PLUS, треба да се исечат  0,5-1cm пошироки од растојанието на роговите.

Вградете плочи од камена волна, NaturBoard FIT PLUS, помеѓу роговите, тесно, една во друга.

Со стаклената волна, Unifit 035 или NatuRoll Plus, прекријте ги роговите и камената волна, со втиснување преку сидрените анкери и потоа фиксирајте ги CD профилите на анкерите, преку стаклената волна.

Активната парна брана, Homeseal LDS 5 Silk, поставете ја преку CD профилот, со преклоп од 10-15cm.

Споевите на активната парна брана, Homeseal LDS 5 Silk, да се заптиваат 100%-тно со универзална леплива лента, Homeseal LDS Solifit.

Кровната косина обложете ја со гипскартонски плочи. Завршната обработка е во склад со намената на просторијата и целосно според упатствата на произведувачот на гипскартонските плочи.

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО РЕШЕНИЕ

Од аспект на поголема енергетската ефикасност и долготрајност на целиот систем на кровната конструкција, важно е  просторот помеѓу роговите целосно да се исполни со Knauf Insulation камена минерална волна, без оставање на воздушни „џебови“ при вградувањето на изолациониот материјал.

За да ги елиминирате топлинските мостови кои ги прават кровните носачи, под роговите, а помеѓу носачите на потконструкцијата на завршната облога поставуваме Knauf Insulation стаклена минерална волна.

Со вградување на поголема  дебелина на изолационен материјал ќе ја намалите загубата на топлина, односно  во внатрешноста на објектот ќе задржите поголема топлина. Директна последица на тоа е намалената потреба за енергија за греење, односно поголема заштеда на пари.  Дебелината на топлинската изолација која се препорачува за нашето подрачје е од  22 – 28 cm.*

Имајќи ги предвид сè потоплите лета, кровната конструкција истовремено треба да обезбеди и топлинска стабилност во летниот период, односно да обезбеди температурниот бран што побавно да напредува низ лесната кровна контрукција.

Затоа нашата препорака е кај косите кровови со линиски носачи вградите термоизолационен материјал со поголема густина ρ (kg/m3) и специфична топлина c [J/(kg·K)] при истовремено низок коефициент на топлинска спроводливост λ [W/(m·K)].

На овој начин  спречувате прегревање на поткровјето преку лето и остварувате пријатен престој во просториите во кои тогаш не се потребни клима уреди!

Доколку сакате да го опремите своето поткровје со LDS систем

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или