При поправка на живеалиштето секој елемент е важен и носи свој придонес за удобноста дома. Подовите oд своја страна заземаат посебно место, бидејќи освен носивост, треба да обезбедат и топлинска изолација, да спречуваат топлотни загуби, а исто така и да шумоизолират.
Атмосфера во домот се создава и со користење на природни производи кои создаваат здрава средина за живот. Гипсот е се почесто е префериран материјал за употреба во становите токму заради овие својства. Тој е исклучителен од гледна точка на подносливост со човечкото тело и на градежната биологија. Има многу добри термоизолациски, звукоизолациски и пожарозаштитни својства. Ја има истата pH вредност како човечката кожа, нема мирис и е апсолутно безопасен. Покрај сето ова, гипсот ја регулира влажноста на воздухот во затворените простории, бидејќи се состои од бројни мали пори кои во присуство на влага во воздухот ја преземат, а при недостиг ја оддаваат. Здравата средина за живот лесно може да се постигне со системите за сува градба на Кнауф.
Често, при разграничување на подпокривниот простор се соочуваме со подови, кои се со груба или нерамна површина. За да се ставаат сепак декоративни премази, потребно е целосно рамна површина
Производната палета Кнауф ви дава две решенија за да се надминaт овие дефекти саморазливните подови на калциум сулфатна основа Knauf FE 50 Largo и Knauf Nivelir 415.
Саморазливната маса Knauf FE 50 Largo е исклучително погодна за поставување на подно греење, поради нискaтa тежина и минималната дебелина на положување од 25 mm врз цевките на подното греење. Оваа минимална дебелина придружена од високата енергетска ефикасност на материјалот ја прави оваа маса идеален избор за да го претворите подпокривниот простор во комфорно место. Идеална е за положување под ламинат и природен паркет, керамички плочки, природен камен, теписи и PVC подни облоги.
Кога е потребно нерамната површина едноставно да се подготви за полагање на подните облоги, важен елемент е минималната дебелина на полагање. За таа цел препорачуваме Knauf Nivelir 415. Со дебелина на нанесување од 3 до 15 mm на слој, Knauf Nivelir 415 не отстапува по квалитет на масовните цементни облоги. Како кај Knauf FE 50 Largo и Knauf Nivelir 415 овозможува голем избор на завршните декоративни површини.
Knauf нуди бројни системски решенија. Ако имате потреба од консултација кои системи би биле соодветни за вашите простории, не двоумете се, пополнете го едноставниот формулар на следниот линк , испратете ни го и нашите колеги во најкус можен рок ќе ве контактираат.