• Противпожарност

    Кај облогите на поткровјата, Кнауф нуди атестирани решенија за противпожарна заштита, изразени во минути на противпожарна отпорност.

Безбедноста и трајноста на поткровјата, особено нивната противпожарност, за жал, стануваат тема на разговор само откако во наша непосредна близина ќе се случи некаков немил настан, во кој некое семејство, под налетот на огнените јазици ќе изгуби материјални и сентиментални богатства или во најлош случај – настанот ќе заврши фатално за некого. Додека изолацијата на системот ги носи предностите во енергетската ефикасност на просторот, а поткровните прозори неопходната светлина и воздух, Кнауф гипсените плочи и нивниот соодветен избор и монтажа се оној дел на поткровјето кој ја носи трајноста и безбедноста.

Кај облогите на поткровјата, Кнауф нуди атестирани решенија за противпожарна заштита, изразени во минути на противпожарна отпорност. Најчесто се постигнуваат нивоа на 30, 60 и 90-минутна противпожарна заштита на поткровјето. Во рамките на ова тестирано време, гарантирано нема да се случи огнот од корисниот дел на поткровјето да ја зафати носечката конструкција или обратно.

За постигнување на овие нивоа на ПП заштита, а согласно со важечките атести од архивата на Кнауф, можни се различни комбинации и системи, а тие вклучуваат плочи од следниве типови:

  • Стандардна кнауф плоча – А, со дебелина од 12,5 и 15мм
  • Противпожарна плоча – DF, со дебелина од 12,5, 15 и 18мм
  • Масивни противпожарни плочи – DF, со дебелина од 20 и 25мм
  • Цврсти, противпожарно-импрегнирани плочи Дијамант – DFH2IR, со дебелина од 12,5 и 15мм
  • Гипс-фазер плочи од пресуван гипс и целулозни влакна, со дебелина од 10, 12,5 и 15мм
  • Fireboard, ПП плочи со А1 класа на противпожарност и дебелина од 15,20,25 и 30мм
  • Aquapanel, цементни плочи со дебелина од 12,5мм и А1 класа на противпожарност, за употреба во мокри простории во поткровјето и опшивки во надворешниот дел на поткровјето

Во едно стандардно поткровје, овие плочи би влегле во следниве градежни системи:

  • Преграден ѕид – 30, 60, 90, 120 и 180 минутна ПП заштита
  • Спуштен таван – 30, 60 и 90 минутна ПП заштита
  • Облога на поткровје (косина) – 30, 60 и 90 минутна ПП заштита и
  • Ѕидна облога (вертикала) – 30, 60 и 90 минутна ПП заштита

Посебно, во друга пригода, детално ќе ги разгледаме сите споменати системи или побарајте информации за нив на страницата http://www.knauf.mk . Важно е да знаете дека Кнауф секогаш има соодветно решение, со кое ќе ве заштити од губење на она во што вложувате и што сакате долго да трае.