• ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА СО ГИПСФАЗЕРНИ ПЛОЧИ

СЕРТИФИЦИРАНИ СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА ПРИ ПОЖАР, КОИ СПОРЕД КОНСТРУКЦИЈАТА И ВИДОТ НА ПРЕМАЗОТ МОЖАТ ДА ОБЕЗБЕДАТ ЗАШТИТА ПРИ ПОЖАР ДО 60 МИНУТИ.

Дрвената конструкција на поткровјето е исклучително ранлива на влијание на оган и представува приоритет при противопожарната заштита, за да се избегне губење на живот или имот.

Со облогите на таванските простории се подобрува нивната енергетска ефикасност и удобноста на луѓето кои живеат таму. Со плочите на Кнауф се постигнува не само тоа, туку се придонесува и за безбедноста на жителите.

1
1

Гипсфазерна плоча Vidiwall

Кнауф има разработено голем број на плочи, за да се исполни секое барање за заштита од оган. Од стандардните гипс плочи DF за заштита при пожар, преку специјализираните плочи Fireboard до гипсфазерните плочи Vidiwall, секоја ќе ја пронајде својата примена во системите за заштите при пожар создадени од Кнауф.

Една од предностите на гипсфазерните плочи е можноста да се капсулираат со дрвената облога. Елиминацијата на металната носечка конструкција и користењето на спајалици за монтажа на плочите ги прави овие решенија економични, брзи и лесни. Согласно европскиот стандард EN 13501-2 за класификација на заштита при пожар Кнауф има развиено два системи за капсулирање за 30 и 60 минути. Системот за 30 минути е со еден слој од облогата Vidiwall 18 mm, а системот за 60 минути е со двослојна облога од 15 и 18 mm.

Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или