• СОЧУВАЈТЕ ЈА ТОПЛИНАТА НА ДОМОТ

VELUX STANDARD PLUS КРОВНИ ПРОЗОРЦИ

VELUX кровните прозорци од категоријата Standard Plus се енергетски оптимизирани прозорци со горно или долно управување и го одржуваат вашиот дом топол и високо енергетски ефикасен.

Благодарение на новиот ThermoTechnology™ изолационен систем и дополнителна дихтунг гума, овие прозорци се карактеризираат со одлични изолациони особини.

Единствените прозорци со горно управување се погодни за сите видови вградувања, а горното управување ви дава можност да го поставите долу мебелот и уште да можете комфорно да го отворате прозорецот.

Долното управување, со поцинкувана, ергономски обликувана рачка во долниот дел, е погодно за простории со висок парапетен ѕид.

Дали ги облековте вашите кровни прозорци за студените зимски денови?

Повеќето од нас ги извадивме своите зимски капути и ракавици, што не греат во овие студени месеци кои доаѓаат.

Но, ретко кој од нас помислува на фактот дека можеме да заштедиме многу енергија „со облекување“ на нашите кровни прозорци во зимска гардероба во текот на студената зимска сезона.

Тоа е сосема природен рефлекс: кога мораме да излеземе на студенилото, облекуваме јакна да не грее. Доколку ни е ладно во затворен простор, веројатно ќе облечеме дополни телен џемпер или ќе го засилиме греењето. Кога вечерите се исклучително студени во нашите домови главно е свежо и тогаш е многу логично да се зголеми температурата на термостатот.

Но, ние всушност подобрo ја задржуваме топлината во текот на ладните денови и ноќи со спуштање на ролетните. Ова особено се однесува на кровните прозорци – специјалната термо ролетна ја задржува топлината во просторијата благодарение на изолациониот материјал од кој е направена.

Многу добра идеја е да се вградат термо ролетни на кровните прозорци – поради алуминиумот помеѓу двата слоја на набраниот материјал кој ја подобрува изолацијата. Топлиот воздух во просторијата се подигнува, а доколку ги спуштите ролетните тие помагаат во одржувањето на температурата, па така ќе биде поудобно да се поминува времето во просторијата кога надвор е ладно.

Кога е целосно спуштена, термо ролетната ја подобрува изолацијата за 34% на секој кровен прозорец.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ ТЕРМО РОЛЕТНИ

Но, постојат уште придобивки од термо ролетните покрај заштедувањето на енергија – исто така има и ефект на затемнување и атрактивен изглед, благодарение на структурата на пчелиното саќе. Целосно се регулира, не е фиксирана ниту на дното, ниту на врвот на прозорецот, може да се позиционира во која било положба, блокирајќи ги сончевите зраци и љубопитните погледи.

Кога имате регулирачка ролетна, како што е термо ролетната, можете да седите и да читате весници покрај прозорецот и да уживате во светлината без заслепувачкото сонце. Можете да ја позиционирате ролетната само таму каде што се најсилни сончевите зраци.

Значи, сега е вистинско време да се подготвите за зимата!

Прочитајте подетално за термо ролетните и погледнете ги сите достапни дезени!

и пронајдете продажно место во вашиот град!

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing