100% паронепропустлива, спречува кондензација!
Целта на парната брана BBX во поткровјето е да спречи водената пареа – влагата од внатрешниот простор да дојде до волната на поткровната конструкција.
За решавање на парната брана околу прозорецот помеѓу волната и гипсот, VELUX го разви својот производ BBX парна брана. Се работи за специјална фолија која се интегрира- спојува со специјална трака која се добива заедно со BBX, за парна брана во остатокот на кровната конструкција која сме ја исекле за да направиме отвор во поткровната конструкција.
Се поставува помеѓу гипсот и минералната волна, во косината на поткровјето, спречувајќи ја влагата која гипсената плоча може да ја акумулира да дојде до волната.
Волната треба да биде постојано сува, бидејќи единствено така може да ја врши целосно својата функција на изолација на поткровјето.
Гипсот како материјал ја впива влагата и тогаш кога концентрацијата на влага во просторот ќе се намали, гипсот ја испушта влагата како сунѓер. Ако волната ја впие таа влага, а не постои никаква парна брана помеѓу нив, тогаш влагата се појавува и на гипсот.
VELUX парната брана BBX е од едно парче, сите агли се заварени и кога ќе се стави во одреден фалц за гипс на прозорецот, во тој фалц се фиксира и другиот дел од VELUX парната брана се шири на сите четири страни околу поткровниот прозорец и спојот – се залепува со специјална и силна трака за другата парна брана и другиот дел од кровот.
Дури сега парната брана во целиот кров е интегрирана во еден систем и околу прозорецот, исто така, е спречена појавата на влага во термоизолацијата.
По оваа постапка може да се пристапи кон изведување на гипсерските работи околу прозорците.
LSG 1000
Рам за внатрешна облога
Одлична завршна обработка!
Користете LSG 1000 рам за внатрешна облога, за да постигнете оптимална внатрешна завршна обработка.
Челичниот рам за вградување C1 формира совршена структура за обликување на Вашите облоги. Дизајнот, исто така, нуди можност за внесување на дополнителен изолационен материјал.
Вклучува и BBX 0000 стандардна брана C2 која е 100% паронепропусна и спречува кондензација. Парната брана BBX 0000 овозможува сигурна врска помеѓу VELUX поткровниот прозорец парната брана која веќе постои на покривот.
За совршена завршница и идеален спој помеѓу VELUX поткровниот прозорец и внатрешниот ѕид, користете и внатрешни облоги LSB/LSC 2000 кои содржат и парна брана BBX.