• Погледнето во прекрасното, софистицирано огледало во Стокхлом

Ова грандиозно поткровје се наоѓа во Стокхлом, во Пведска. Проектирано и изведено е (од страна на бирото Scandinavian homes) такашто истовремено изгледа големо и удобно – 163м2 со доста високи плафони од скоро 4 метра. Прозорците од трите страни на куќата овозможуваат не само приподна светлина туку и поглед на околината на градот.

На просториите обоени во бело им контрастираат дрвените греди. Животниот простор е замислен по т.н отворен концепт, така што дневниот престој неприметно пременува во кунјски со голем камин како централен дел.

Како кај повеќето скандинавски куќи и станови акцентот е ставен на природната светлина која проектантите настојуваат што повеќе да влезе во куќата. Тоа го постигнуваат со големи кровни прозорци без завеси и со доминација на белата боја и светли дрвени површини.

Дизајнерите максимално ја искористиле формата на самиот простор и распоредот на зградата. Висината е искористена за создавање на драматичен простор за уметност и живот. Спуштените делови на кровот оформуваат вдлабнувања погодни за складирање. Резултатот е софистициран, но и комфорен простор за живот и други активности.

Извор: www.freshome.com

Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или