• Перфектната површина е од значење

ВАРИЈАНТИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ИДЕАЛНАТА ПОВРШИНА ВО ПОТКРОВЈЕТО

Звучната и топлинската изолација, квалитетот на воздух и различните форми се едни од основните критериуми за кои човек внимава кога го реновира своето поткровје или бара да купи таква нова градба. Не помалку важно за удобноста и комфорот во домот е и финалната обработка на различните видови површини. Изборот дали ќе користите суви или готови маси за да постигнете перфектна површина зависи целосно од вас.

За некој глетувањето е само на површината на ѕидот или таванаот. Но, молерите знаат дека долготрајното задоволство кај клиентите се постигнува само ако се користи точниот материјал со мајсторска вештина. При тоа барањата се различни. Крајната варијанта на структурата на површината го има истото значење при изборот на материал како и буџетот на собственикот. Три категории и седум критериуми за избор се од помош на специалистите во иднина за пронаоѓањето на правилниот материјал за соодветните барања.

Уметноста на совршенството се постигнува лесно со новаѕа линија продукти “Perfect Surfaces”.

Производ со најниска потрошувачка на материјал или таков што ќе постигне највисок квалитет на површината или пак производ што одговара на двата услови? За да е полесен вашиот избор, Кнауф го преструктурира и оформи својот асортиман за поголема прегледност.

Производите от линијата „Perfect Surfaces” се класифицирани во три категории: КЛАСИК ТОП и ПЛУС. Производите КЛАСИК, Knauf Gipsfinish и Knauf Biofinish го нудат докажаниот квалитет на Кнауф на којшто се потпираат специјалистите. Производите ПЛУС, Knauf Extrafinish и Knauf Fugenfüller Leicht, го обединуваат квалитетот, консистенцијата и сигурноста на КЛАСИК со по висока ефективност при користењето и зголемена контрола врз крајниот резултат. Со нивното користење, професионалците постигнуваат подобри резултати со помалку напор и пократко време. Идеално мазната површина се постигнува со производите кои на пакувањето имаат натпис: „Perfect Surfaces TOP”: Uniflott; Fill & Finish; Super Finish; Finitura; Uniflott imprägniert. Висок стандард, кој е еталон за сите други производи. Производите од линијата „Perfect Surfaces” се исклучително лесни за работа со квалитет кој е абсолутно ненадминлив.

Опис на производите и дополнителната информација ќе најдете на

http://knaufperfectsurfaces.com/mk

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing