• Оптимална положба на просториите во домот

Оптимална положба на просториите во домот

Околностите и потребите на луѓето се различни и со тек на времето се менуваат. Затоа домовите треба да се проектирани по возможно најиндивидуален начин и да имаат можност да се реконструираат во иднина.

Тоа е суштински аспект во полза на сувата градба. Системите на Knauf предлагаат еластично проектирање и слобода на оформувањето – и во годините после вселувањето.

Системите на Кнауф даваат голема слобода во оформувањето на просторот во ситуации кога големи простории треба да се разделат на помали.

Домовите треба да имаат можност да се реконструираат според потребите. Неопходните промени во просторот за живеење би требало да можат да се направат во возможно најкратки рокови, економично од гледна точна на средства и без промени во инсталацијата и носивоста.

Дополнителен простор може да се добие и со системите за лизгачки врати Pocket kit. Со користење на лизгачка врата на Кнауф, монтирана во процепот на преградните ѕидови, оптимизирањето на просторот и комфорот на живеење добиваат нова димензија.

Освен практичното распределување на просториите од големо значење е и создавањето на комфорната средина за живот во домот. Гипскартонските плочи на Кнауф се еколошки градежен материјал, кој создава удобна и здрава животна средина. И тоа во никаков случај не е за сметка на звучната изолација или безбедноста: Преку долгогодишната иновативна дејност на Кнауф се постигнати одлични звучни и топлинско-изолациски карактеристики, заштита од пожар, како и лесна монтажа на новите мебели.

Чистиот воздух, нестандардниот дизајн и добрата акустика се постигнуваат лесно со монтажа на плочи Cleaneo акустик – перфорирани плочи, кои содржат во гипсеното јадро специални каталитични материи. Тие ги преобразуваат миризливите и штетни материи во такви кои не се штетни за здравјето.

Се случува каталитички процес без акумулација на штетни материи или трошење на адитивите, така што животниот век на плочата Кнауф Cleaneo е практично неограничен. Разградувањето на штетните материи може да биде забавено од движењето на воздухот во просторијата (на пр. Од тавански вентилатор, клима уред и др.). Кај перфорираните плочи се постигнува побрзо разградување на штетните материи и поголема ефективност на површината на плочите. Времетраењето на процесот на разградување – во зависност од концентрацијата на материите, облогата на плочите, перфорацијата и движењето на воздухот – продолжува до неколку часа.

За повеќе информација и дополнителни консултации за конкретни системи посетете го www.knauf.mk

Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или